9 природни начини за намалување на високиот крвен притисок

9 природни начини за намалување на високиот крвен притисок

Луѓето кои боледуваат од хипертензија имаат поголем ризик да заболат од артериосклероза, болести на срцето и мозочен удар. Кога ќе се дијагностицира висок крвен притисок, постојат лекови со кој тој се регулира, но доколку се придржувате до наведените совети превентивно и на природен начин ќе можете да го доведете вашиот крвен притисок до нормала.

1-9-prirodni-nachini-so-koi-kje-go-namalite-visokiot-krven-pritisok-www.kafepauza.mk_

1. Ослабете

Неколку килограми повеќе не ги оптоваруваат само мускулите, туку и срцето, односно тие водат до вкочанетост на крвните жили. Губењето на килограми значајно може да го редуцира крвниот притисок.

2. Движете се

Исклучете го телевизорот и компјутерот и застанете на нозе. Аеробик, прошетки, танцување и пливање можат и тоа како да помогнат во намалување на телесната тежина, па и на крвниот притисок.

3. Наспијте се

Повеќе од 50% од луѓето кои боледуваат од синдромот апнеа (краток премин на дишењето во текот на сонот), патат и од хипертензија. Туширањето со врела вода и вдишување на пареата помага при отворање на синусите и го олеснува дишењето, со што се подобрува квалитетот на сонот, но и крвниот притисок.

2-9-prirodni-nachini-so-koi-kje-go-namalite-visokiot-krven-pritisok-www.kafepauza.mk_

4. Намалете го внесувањето на алкохол

Личностите кои дневно консумираат повеќе од два алкохолни пијалаци имаат двојно поголема шанса за добивање хипертензија од оние кои воопшто не консумираат алкохол. Оние кои се умерени во алкохолот имаат помали шанси да заболат од оваа болест.

5. Кажете му „НЕ“ на никотинот

Пушењето го подига крвниот притисок и го забрзува пумпањето на срцето, заради кое артериите патат, односно тие се помалку флексибилни.

6. Редовно консумирајте кафе

Кофеинот може да ги зголеми „горниот“ крвен притисок кај луѓето кои не консумираат кафе редовно, но и да го прошират растот на крвниот притисок предизвикан од стрес. Занимливо е тоа што кај личностите кои редовно консумираат кафе не се забележани овие симптоми. Всушност, дури ни 6 шолји кафе или црн чај дневно не го зголемуваат ризикот за покачен крвен притисок.

3-9-prirodni-nachini-so-koi-kje-go-namalite-visokiot-krven-pritisok-www.kafepauza.mk_

7. Подобрете ја исхраната

Избегнувајте ја брзата храна и намалете ја количината што ја консумирате. Ова е еден од најдобрите начини природно да го намалите крвниот притисок. Овошјето и зеленчукот содржат флавоноиди кои значително го намалуваат и систоличкиот (голем) и дијастоличкиот (мал) крвен притисок.

8. Исфрлете ја солта

Намалувањето на натриумот, односно кујнската сол, исклучително е поврзано со намалување на крвниот притисок.

9. Оттргнете се од стресот

Соочен со стресот, нашиот нервен систем излачува адреналин кој е поврзан со стеснување на крвните жили и зголемување на крвниот притисок и работата на срцето. Затоа, доколку сте во можност, избегнувајте ги стресните ситуации.

4-9-prirodni-nachini-so-koi-kje-go-namalite-visokiot-krven-pritisok-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар