9 одлични идеи за подарок на трудница

9 одлични идеи за подарок на трудница

Сите познаваме некоја жена која во моментов е во блажена состојба. Без разлика дали е пријателка, член од семејството или колешка, тоа е огромна причина за славење. Прославата за доаѓањето на новиот член можеме да ја започнеме уште за време на бременоста така што на идната мајка ќе ѝ подариме соодветен подарок.

9 одлични идеи за подарок на трудница

Шопингот за подарок за идни мајки треба да вклучува предмети кои се корисни, но и слатки. Тоа може да се производи за разубавување, работи кои го намалуваат стресот или ултраудобна облека.

1. Накит

Накитот како подарок секогаш има сентиментална вредност. Подарете ѝ нежно ланче со натпис „мама“ или „mom“ ­- тоа дефинитивно ќе ѝ измами солзи радосници.

9 одлични идеи за подарок на трудница

2. Торба или ранец за мајки со бебиња

Ваквите торби и ранци се многу практично направени за да соберат многу работи во нив. Имаат посебни прегради за она што секогаш треба да им е на дофат на мајките со бебиња, најчесто се водоотпорни и се доста цврсти за да можат да издржат поголема тежина.

9 одлични идеи за подарок на трудница

3. Труднички памучни пижами

Трудничките памучни пижами се многу меки и удобни и имаат посебен дел околу струкот кој се прилагодува на големината на стомакот. Толку се удобни, што многу мајки продолжуваат да ги носат и после бременоста. Покрај тоа, многу модели имаат дизајн кој овозможува брзо откривање на градите што значително го олеснува доењето.

9 одлични идеи за подарок на трудница

4. Удобни патики без врвки

Како што ќе напредува бременоста, на трудницата ќе ѝ станува сѐ потешко да се наведнува и да пешачи; затоа удобни патики без врвки би биле полн погодок.

9 одлични идеи за подарок на трудница

5. Бескофеински чај или кафе

Сите трудници се обидуваат да одбегнуваат кофеин, па затоа кутија бескофеинско кафе или бескофеински чај е одличен подарок.

9 одлични идеи за подарок на трудница

6. Дневник за трудници и млади мајки

Во дневникот за трудници и млади мајки, тие ќе може да ги внесуваат сите важни датуми и моменти од бременоста, како и од првите месеци на бебето. Првиот преглед, првото отчукување на срцето на бебето, датумот кога го дознале полот или пак, датумот на првото запче, првиот изговорен збор итн…

9 одлични идеи за подарок на трудница

7. Кутија со омилените чоколадни бонбони

Апетитот и желбата за јадење слатко за време на бременоста се големи, па затоа кутија со омилените чоколадни бонбони ќе ја направи многу среќна секоја жена во оваа состојба.

9 одлични идеи за подарок на трудница

8. Крема против стрии

Периодот на бременоста, покрај убав, е и стресен за секоја жена. Промените на телото може да ја направат жената во овој период да се чувствува незадоволно од својот изглед и тело. Стриите се еден од проблемите кои се појавуваат за време на бременоста и за жал остануваат цел живот. Затоа употребата на крема против стрии уште од првиот месец од бременоста може значително да го намали ризикот од нивна појава.

9 одлични идеи за подарок на трудница

9. Масло за обнова на косата

За време на бременоста, косата станува кршлива и сува, па затоа масло за обнова на косата е одличен подарок за секоја трудница.

9 одлични идеи за подарок на трудница

Автор: Катерина Каланоска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар