9 новогодишни одлуки за девојките кои учат да се сакаат себеси
Крајот на годината е најдобриот период да размислите за изминативе 12 месеци. Што сте научиле за себе? На кој начин сте созреале? Дали сте се сакале онака како што сакате да ве сакаат другите? Како можете да се сакате повеќе следната година? Всушност, зошто да чекате? Почнете да ја развивате љубовта кон себе уште денес. Овие новогодишни одлуки се одлични доколку допрва учите како да се сакате себеси.
1. „Ќе научам да го сакам моето тело“
Не заборавајте го ова дури и кога нешто ви кажува дека треба да направите промена. Дури и кога очајно сакате да се промените. Вашето тело е храм. Никој го нема освен вие, а токму тоа го прави неверојатно. Кога сте се родиле сте го сакале вашето тело, подоцна сте биле научени да се мразите. Но, секогаш има време да ѝ се вратите на љубовта.
2. „Ќе го напуштам секој кој прави да мислам дека е тешко да бидам сакана“
Ќе има многу вакви луѓе, мислења и гласови. Но не се ни осмелувајте да им верувате. Оние кои не можат да ве сакаат онакви какви што сте, го прават тоа бидејќи им недостига љубов. Напуштете ја секоја ваква личност со високо крената глава.
3. „Ќе избирам љубов наместо омраза“
Вие сте направени од љубов, но негде по пат сте го изгубиле ова знаење. Секој ден можете да одберете да се сакате наместо да се мразите. Можете да бидете сведок на негативната мисла и да ја замените со позитивна. Можете да се гледате во огледало сè додека не најдете барем едно нешто што го сакате во врска со себе. Оваа година ветете си дека ќе ја одберете љубовта.
4. „Ќе го оставам вчерашниот ден во минатото и ќе се фокусирам на денес“
Во ред е ако вчерашниот ден бил ужасен. Во ред е ако последниве десет години ви биле пекол. Денес е нов ден, нова шанса за почеток, па фокусирајте се на љубовта кон себе. Не е важно колку пати сте се обиделе да се подобрите без успех. Важно е да го заборавите сето тоа и да размислите што можете да направите денес за да се сакате повеќе од вчера.
5. „Ќе бидам трпелива со себе“
Ова е важно бидејќи патот до љубовта кон себе може да биде долг. Трпеливоста и добрината ќе ви бидат најдобри пријатели на ова патување. Па ако не сте го направиле тоа досега, почнете да ги користите. Некои денови ќе бидат полесни, а некои потешки, затоа немојте да бидете престроги кон себе. Љубовта секогаш бара трпеливост.
6. „Ќе ја вратам мојата моќ“
Сигурно имало крадци и лажговци кои ви ја земале моќта или ве убедиле дека воопшто ја немате. Но без разлика што се случило, вашата моќ е во вас. Отсекогаш била таму и секогаш ќе биде. Оваа година донесете одлука да ја вратите. Дозволете ѝ да ве приземји и да ја разгори вашата страст. Штом ќе ја најдете, немојте повторно да ја губите.
7. „Нема да заборавам дека сум сакана“
Вие сте сакани, без разлика на тоа што го мислите. Има луѓе во вашиот живот кои ве сакаат, а има и луѓе кои сè уште не сте ги ни сретнале. Без разлика колку ви е тешко да се сакате во овој момент, не заборавајте го тоа. Не заборавајте го ова во лошите, но и во добрите денови. Повторувајте си ги овие зборови пред спиење и кажувајте ги секое утро кога ќе се разбудите.
8. „Ќе се дружам со луѓе кои учат да се сакаат себеси“
Одберете луѓе кои напорно работат на себе, наместо луѓе кои прават плитки промени со цел да се чувствуваат подобро. Најдете луѓе што ќе ви ја кажат вистината, наместо она што вашето его сака да го слушне. Најдете пријатели кои секогаш ќе ве облеваат со љубов и светлина. Кога ќе се опкружите со луѓе кои имаат иста вибрација како вашата, љубовта во вас ќе се прошири.
9. „Нема да заборавам дека мојата убавина доаѓа од внатре кон надвор“
Не заборавајте и дека не важи спротивното. Постојат луѓе кои ве натерале да мислите дека барањето на совршенството надвор од вас ќе ве направи среќни. Ова е невозможно бидејќи ако постојано барате нешто надвор од вас за вашата среќа, се убедувате дека самите не сте се доволни за да бидете среќни. Вистинските среќа и мир доаѓаат однатре. Вашата убавина доаѓа од вашата душа и потоа зрачи надвор.
Доколку имате сестра, ова се новогодишните одлуки што треба да ги направите заедно.