9 начини како да се ослободите од отровните мисли

9 начини како да се ослободите од отровните мисли

Не дозволувајте отровните, тажни мисли да ве држат назад во животот. Ослободете се од непотребниот товар во главата, кој ви предизвикува грижи, а не носи ништо продуктивно. Препуштете се на природниот тек на нештата, опкружени со луѓето кои ве сакаат безусловно и верувајте во она што го правите.

9 начини како да се ослободите од отровните мисли

1. Не грижете се што мислат другите

Моментот кога ќе дозволите туѓите мислења да влијаат на вашиот живот, е моментот кога сте се откажале од можноста да бидете автентични. Треба да имате контрола врз вашето изразување. Бидете личноста која вие сакате да ја видите во себе.

2. Прифатете дека ќе има подобри од вас

Штом прифатите дека не секогаш ќе бидете најдобри во сѐ, ќе можете да го извадите најдоброто од себе.

3. Верувајте дека секогаш ќе биде доволно ако давате сѐ од себе

Можеби нема секогаш да сте најдобри, но можете да го давате најдоброто од себе. Секако, убаво е чувството кога макотрпно работите нешто кое ќе ви се исплати, но тоа нема секогаш да биде така. Мора да бидете спремни дека дури и макотрпната работа некогаш нема да биде доволна да ги постигнете саканите резултати, но убаво е чувството кога знаете дека сте направиле сѐ што можете.

4. Престанете вашиот успех да ѝ го препишувате на среќата

Вашите достигнувања немаат ништо заедничко со среќата, туку се резултат на трудот и решителноста кои секојдневно ги вложувате во животот. Вие сте го заслужиле успехот, па бидете горди со тоа.

5. Дозволете си пораз

Често на успехот и поразот гледаме како на две спротивни нешта, а всушност тие одат заедно. Поразот е на листата на потребни состојки за успех. Во ред е да изгубите, ако токму тој пораз биде катализатор за нови успеси и победи.

6. Бидете свесни дека позитивните афирмации ќе значат само ако верувате во нив

Можете да се гледате во огледалото и 100 пати да си искажете љубов, но доколку вистински не верувате во вашите зборови, тие нема да направат да се чувствувате подобро. Немојте само напразно да повторувате позитивни тврдења, туку верувајте во нив.

7. Оставете го животот да тече природно, а не според одреден временски распоред

Животот никогаш не се одвива онака како што сте планирале. Не е страшно ако сѐ уште не сте во брак на 30 години или ако првото дете го добиете на 35. Не мора сечиј живот да се одвива по линеарна линија, бидејќи кога ќе дозволите вашиот живот да тече слободно и без ограничувања, тогаш полесно ќе дишете.

8. Бидете нежни кон вашето тело

Сѐ што внесувате во вашето тело директно влијае на тоа како се чувствувате, емоционално и физички, но тоа не значи дека треба да внимавате само на исхраната. На многумина не им се допаѓаат некои делови од нивните тела, и оттука сите имаме несигурности, но треба да се фокусираме на она што ни се допаѓа, без разлика дали се работи за физичка или духовна особина.

9. Поминувајте го времето со луѓе кои ве прават среќни

Не трошете ја вашата позитивна енергија на некој кој нема да ја цени. Кога станува збор за врски, платонски или романтични, вложените напори треба да бидат балансирани. Вие не можете цело време да се обидувате некого да направите среќен, ако тој за возврат не се обидува да внесе среќа во вашиот живот. Опкружете се со луѓе кои безусловно ве сакаат наместо со луѓе кои вашата љубов ја земаат здраво за готово.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар