9 начини да се направите посреќни за помалку од 30 секунди!

9 начини да се направите посреќни за помалку од 30 секунди!

Се чувствувате лошо? Дојдовте на вистинското место! Во продолжение следуваат 9-те наједноставни начини на кои можете да се направите посреќни за помалку од 30 секунди. Најдоброто од сè е што станува збор за техники базирани на најдобрите научни истражувања!

1. Вдишете длабоко

Само едно длабоко вдишување може да го исклучи вашиот „бори се или бегај“ инстинкт и да ве префрли во фаза на одморање и обновување. Имате дополнителни 15 секунди? Вдишете и издишете уште еднаш! Ќе се чувствувате уште посамоуверено.

2. Најдете нешто во вашиот ден што ќе ве поттикне да чувствувате задоволство

Добар појадок, убава работа, неверојатна книга… Впијте го чувството на задоволство во овие моменти и фокусирајте се на него во текот на целиот ден. На овој начин многу полесно и поцелосно ќе создавате позитивни искуства.

3. Одвојте време да цените нешто што не се случило во текот на денот

Ниту еден член на семејството не се разболел, не сте имале проблеми со автомобилот, не сте се скарале со никого… Никогаш не заборавајте да ги имате и овие нешта во перспектива.

4. Насмејте се

Многу луѓе ја гледаат среќата како нешто што доаѓа однадвор, но вистината е дека таа постојано е во вас и само вие имате пристап до неа. Доволно е намерно да се насмеете, дури и кога не ви доаѓа да го направите тоа, за скоро инстантно да ја активирате својата внатрешна радост.

5. Ставете им име на негативните емоции

Лутина, беспомошност, тага, анксиозност… доволно е само да ги именувате за да почувствувате олеснување. Со тоа што ќе ги издвоите како емоцијата што ја преставуваат, вие ќе ги оттргнете од емоционалниот дел во мозокот кон оној за размислување, правејќи помалку да ве болат.

6. Седете исправено

Лошото држење на телото може да ви создаде многу негативни емоционални состојби. Студиите покажале дека луѓето што седат подзгрбавено имаат многу полошо расположение и пониска самодоверба во однос на оние што се секогаш исправени.

7. Забележувајте ги малите задоволства во животот и ценете ги

Поголемиот дел од можностите за добро искуство се многу суптилни, па затоа и треба да бидете „будни“ во текот на денот со цел да не ви избегаат. Без разлика колку мало и незначајно ви изгледа секој чекор напред – тоа е голем успех и вреди да се прослави!

8. Ценете се себеси

Размислете за сите оние нешта што досега сте ги постигнале и фокусирајте се на добрите квалитети што постојано ги демонстрирате. Насочете го своето внимание кон сопствените сили и веднаш ќе се расположите.

9. Барајте позитивно значење во негативните настани

Ако искусите неуспех, можете ли да најдете брз начин да го претворите во нешто добро? Започнете така што ќе размислувате за овој неуспех како предизвик. Тоа ќе ви овозможи да продолжувате да размислувате во насока за барање решенија и да го откриете најдоброто за вас.

Тајната на среќата: Прочитајте ги и овие 20 мисли за поубав ден, поисполнет живот и повеќе радости и насмевки!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар