9 модни комбинации на бои што можете да ги носите за време на празниците

9 модни комбинации на бои што можете да ги носите за време на празниците

Кога станува збор за празниците, постојат неколку нијанси кои можете да ги забележите кај секого: Црвена, зелена, бела и металик. Додека овие бои се сметаат за празнични, сепак, тие се предвидливи. Затоа, погледнете некои освежувачки комбинации кои можете да ги искористите за празниците што доаѓаат, што ќе направат да бидете поразлични од останатите, а сепак впечатливи.

Виолетова, црвена и црна

9 модни комбинации на бои што можете да ги носите за време на празниците

Надополнете ја класичната црвено-црна комбинација со виолетова боја која ќе направи да изгледате невообичаено.

Пастелно сина, црна и сребрена

9 модни комбинации на бои што можете да ги носите за време на празниците

Повторно, сѐ е во деталите. Црниот појас околу половината и декоративните елементи на фустанот се одлична комбинација за вашиот празничен избор.

Жолта, сребрена и црвена

9 модни комбинации на бои што можете да ги носите за време на празниците

Сигурно ќе се издвоите од многуте црни фустани, доколку се одлучите за жолтата боја. Надополнето со сребрени и црвени детали, вие ќе добиете прекрасен празничен изглед.

Сина, темно црвена и темно сина

9 модни комбинации на бои што можете да ги носите за време на празниците

Сината и темноцрвената самите по себе се класични бои. Комбинирајте ги со други нијанси, како што е на пример темно сината и ќе добиете интересен и поразличен изглед.

Румена, жолто-кафена и моден додаток во повеќе бои

9 модни комбинации на бои што можете да ги носите за време на празниците

Кадифеното крзно како да е направено за празниците. Изберете едно такво елегантно и модерно парче, а потоа надополнете го својот изглед со моден додаток во повеќе бои, како што е на пример мала чанта.

Бела, зелена, розова и сина

9 модни комбинации на бои што можете да ги носите за време на празниците

Одличен начин да го искористите вашиот летен фустан. Додајте бел џемпер со силно розова чанта и високи потпетици и бидете спремни за забавата.

Крем, румена и темноцрвена

9 модни комбинации на бои што можете да ги носите за време на празниците

Румената и крем бојата се нежни нијанси кои одлично ќе изгледаат доколку додадете некој детаљ во темноцрвена боја.

Крем, црна и румена

9 модни комбинации на бои што можете да ги носите за време на празниците

Направете ги комбинациите што ви одговараат и со овие бои нема да погрешите!

Црна, златна и темноцрвена

9 модни комбинации на бои што можете да ги носите за време на празниците

Не сакате да се откажете од црната и златната боја? Изберете некои интересни модни додатоци и надополнете со темноцрвена боја, па ќе постигнете прекрасен изглед!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар