9 креативни начини да ја користите вашата пегла за коса
Речиси нема девојка која во својот сет за разубавување нема и пегла за коса. Со неа брзо можете да си направите одлична фризура и да бидете спремни за каква било пригода. Во продолжение ви прикажуваме неколку начини на кои можете креативно да ја искористите вашата пегла за коса.
1. Исправување
Разделете ја косата и почнете со исправување, но внимавајте да не земате пошироки делови отколку што е плочата за пеглање. Ставете си спреј за заштита од топлина и исчешлајте.
2. Неуредни бранови
Земете еден прамен и навиткајте го вертикално на вашата пегла за коса, на начин како што е прикажано на фотографијата. Долниот дел од пеглата (каде што се наоѓа кабелот) нека ви биде свртен нагоре, почнете од близината на коренот и продолжете надолу. Кога ќе завршите, поминете со вашите прсти низ косата, така што ќе ги направите брановите неуредни и бушави. Сувиот шампон или солта ќе ви дадат мат текстура.
3. Одлични бранови
Следете ги чекорите од вториот изглед (неуредните бранови), но користете четка за обликување и спојте го секој бран во еден.
4. Гламурозни локни
Започнете од коренот, свртете ја пеглата за 360 степени и повлечете нагоре. Ставете мала шнола за да ја прицврстите на местото. Потоа испуштете ги и исчешлајте ја косата со четка.
Погледнете уште 5 креативни начини за користење на пеглата за коса на наредната страница…