9 кратки и лесни рецепти од само 3 состојки кои ќе ве натераат да си ги излижете прстите
Готвењето станува многу полесно и позабавно кога правите брзи, лесни и вкусни јадења, а нема ништо полесно од рецепти од само 3 состојки. Благо или солено, ваш е изборот, еве 9 рецепти од само 3 состојки кои ќе ве нахранат, заситат и заблажат.
1. Палачинки од банана
Потребни состојки:
- 1 банана
- 2 јајца
- Малку цимет
Начин на подготовка:
Измешајте една банана со две јајца, наместо вообичаената смеса за палачинки и наросете со малку цимет. Овие палачинки се брзи, вкусни и најважно од сѐ, тие се необични и поинакви.
2. Торта со Орео колачиња
Потребни состојки:
- Орео колачиња
- Шлаг
- Млеко
Начин на подготовка:
Изматете цврст шлаг и врз него редете Орео колачиња натопени во млеко во слоеви. Завршете со слој колачиња ненатопени во млеко. Откако сè ќе наредите, ставете го садот во фрижидер. По неколку часа во фрижидер, смесата ќе се стврдне. Исечете ја тортата на коцки и сервирајте.
3. Брауни колачиња од Нутела
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 300 г Нутела
- 60 г брашно
Начин на подготовка:
Во тава, измешајте ги сите состојки заедно и печете ги околу 15 минути.
4. Колачиња од путер и брашно
Потребни состојки:
- Шеќер во прав
- Солен путер
- 250 г брашно
Начин на подготовка:
Путерот, шеќерот во прав и брашното измешајте ги така што да добиете мека смеса за колачиња. Печете го тестото околу 25 минути и потоа исечете го на ленти.
5. Колачи од путер од кикиритки
Потребни состојки:
- 1 јајце
- 200 г шеќер
- 180 г путер од кикиритки
Начин на подготовка:
Откако ќе ги измешате сите состојки, од смесата направете топчиња, кои потоа ќе ги сплескате. Употребете виљушка за да ги израмните и за да создадете некоја интересна шара на нив. Потоа печете ги околу 12 минути.
6. Пудинг од лимон
Потребни состојки:
- 4 лимони
- 400 г шеќер
- 700 мл шлаг
Начин на подготовка:
Изрендајте ја кората од лимоните и сварете ја. Потоа, додадете го шеќерот за да направите сируп. Додадете го и шлагот и оставете ја смесата да зоврие. На крај, додадете го сокот од лимон и ставете ја смесата во чаши откако ќе се излади. Ставете ги чашите во фрижидер и оставете ги преку ноќ.
7. Полнети компири
Потребни состојки:
- Компири
- Крем сирење
- Сланина
Начин на подготовка:
Откако ќе ги испечете компирите, додадете смеса од сирење и сланина и печете повторно.
8. Чоколадна торта без брашно
Потребни состојки:
- 6 јајца
- 320 г чоколадни трошки
- 6 лажици путер
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки заедно така што ќе се создаде изедначена смеса која потоа ќе ја печете 40-тина минути.
9. Колачиња со путер од кикиритки
Потребни состојки:
- 80 г чоколадни трошки
- 50 г путер од кикиритки
- прстофат сол
Начин на подготовка:
Откако ќе ги стопите чоколадните трошки, во калап за колачи турете слој чоколадо, потоа путер од кикиритки и повторно чоколадо. Наросете со сол одозгора и оставете ги во замрзнувач околу 30 минути.