9 феноменални пролетни трендови кои се идеални за секоја градба на тело
Денес ќе ви докажеме дека сите можат да носат баш сè и дека е во прашање само начинот на кој ќе ја изнесете одредената комбинација. Споделуваме со вас 9 фантастични трендови, идеални за пролет, кои може да ги понесат ситните, крупните, високите и ниските жени.
1. Здолништа со средна должина
Без разлика дали носите голи рамена, затворено деколте, принт или фалти, со соодветни високи потпетици во ова здолниште ќе изгледате потполно неодоливо.
2. Хоризонтални линии
Хоризонталните линии нема да ве „прошират“ доколку се во пастелни бои, а најважен е кројот на фустанот. Доколку сте покрупни, долниот дел нека биде поширок, а доколку сте послаби – благо тесен. Исто така, блузите со овој принт се идеални за лежерни комбинации.
3. Вертикални линии
Вертикалните линии може да ја стеснат фигурата, па можете да ги носите на фустанот или блузата. Без разлика дали ќе се одлучите за патики, рамни сандали или пак високи потпетици, овој принт е секогаш интересен и во тренд.
4. Здолништа или фустани на преклоп
Здолништата на преклоп може да ѝ ласкаат на секоја градба на тело доколку се со должина под колената. Ако сте витки, за горниот дел можете да изберете широка блуза или дуксер, а доколку не сте, држете се до потесните кроеви кои нема дополнително да ве „прошират“.
5. Широки пантолони до колена
Кројот на пантолоните кои одат до под колената стојат убаво и на витките и на полните жени. Повторно, доколку сте покрупни, немојте да одбирате горен дел кој е премногу широк, а доколку сте витки, облечете блуза или кошула која нема да е залепена за вашето тело.
6. Голи рамена
Голите рамена се многу популарни за оваа сезона. На полните жени фантастично ќе им прилегаат на пролетните фустани, но не и на витките. Доколку вашата градба ви дозволува тесни фармерки, блузата со голи рамена би била одличен избор.
7. Бомбер јакна
Фармерки, патики или високи потпетици во комбинација со ултра популарната бомбер јакна, ќе изгледа идеално на секоја градба и висина. Ногавиците задолжително подвиткајте ги, за целата комбинација да изгледа лежерно и кул.
8. Комбинезон
Доколку сте полнички, изберете опуштени модели кои убаво паѓаат и кои нема дополнително да ве „шират“. Доколку сте поситни, комбинезон како спој на блуза без ракави и широки пантолони со нагласен струк се одличен избор. Кога ќе посакате да сокриете одреден дел од телото, комбинезон и долг, лежерен елек без ракави ќе го решат проблемот.
9. Карнери
Лежерните фустани како оние со карнери не можат ниту да ве „прошират“ ниту да ве „проголтаат“. Ќе изгледате доста убаво во нив, а вие ќе се чувствувате пријатно.
Изберете ги оние нешта од овие пролетни трендови кои најдобро се вклопуваат во вашиот стил. Важно е да знаете дека најверојатно одлично ќе ви прилега.