9 факти за храната со коишто се лажеме со години - Part 2

9 факти за храната со коишто се лажеме со години

5. Најдобра ужина е гранолата

9 факти за храната со коишто се лажеме со години

Омилената ужина на луѓето кои се хранат здраво е комбинација од печен овес, јаткасти плодови и мед, а ова ја прави гранолата една од најхранливите ужини. Но со цел да се намали бројот на калории во продуктот, во гранолата често има многу вештачки шеќери. Токму тие можат да го зголемат вашиот апетит и да ве натераат да изедете повеќе отколку што треба.

6. Маслиновото масло е подобро од сончогледовото бидејќи го забрзува метаболизмот

9 факти за храната со коишто се лажеме со години

Експертите сметаат дека сите масла од семки се здрави само ако се консумираат во ограничено количество, односно не повеќе од 30 грама дневно. Маслата содржат незаситени масни киселини што ја подобруваат преработката на холестеролот, а ова ги спречува болестите на кардиоваскуларниот систем.

7. Шеќерот од шеќерна трска е здрав

9 факти за храната со коишто се лажеме со години

Овој шеќер навистина има многу корисни микроелементи, но во мало количество. Главната предност на шеќерот од шеќерната трска е тоа што може да се консумира нерафиниран. Овој продукт предизвикува многу дебати помеѓу нутриционистите бидејќи има 97% сахароза и има речиси 387 калории во 100 грама.

8. Тестенините и компирите ѝ штетат на формата на вашето тело

9 факти за храната со коишто се лажеме со години

Компирите содржат калиум, магнезиум и железо. Сепак постојат некои нешта што треба да ги земете предвид. 100 грама печен компир има 80 калории, додека 100 грама помфрит има 317 калории. Покрај тоа ако додавате каков било сос, бројот на калории дополнително се зголемува.

Ситуацијата со тестенините е поразлична. Во 100 грама фиде има околу 114 калории, додека во 100 грама тестенини од тврда пченица има 230 калории. Но овие тестенини имаат многу корисни хранливи материи и влакна и имаат помалку скроб и масти, додека обичните тестенини имаат само празни калории.

9. Палминото масло е штетно

9 факти за храната со коишто се лажеме со години

Она што ги тера сите да веруваат во овој мит е големото количество палмитинска киселина, само затоа што оваа киселина го зголемува количеството на „лошиот холестерол“. Но ова масло содржи и олеинска киселина што ја намалува потенцијалната штета. Па, палминото масло нема влијание на метаболизмот или холестеролот. Главниот проблем е тоа што производителите често додаваат евтино палмино масло наместо поскапи состојки и ги мамат нивните купувачи.

Прочитајте ги и овие митови за здравата храна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар