8 знаци на усните што ја откриваат вашата здравствена состојба

8 знаци на усните што ја откриваат вашата здравствена состојба

Усните се вратата што го отвора патот до внатрешноста на телото и затоа треба да обрнете внимание на нивната боја, форма и цврстина и да не ги игнорирате необичните појави. Испукани усни, црвенило, оток – разните појави на овој нежен дел на лицето може да укажуваат на посериозни здравствени проблеми. Во продолжение прочитајте на кои знаци треба да обрнете внимание.

8 знаци на усните што ја откриваат вашата здравствена состојба

1. Брчки на горната усна

Брчките се појавуваат со текот на годините и може да се влошат како резултат на физичка и ментална напнатост, вознемиреност и пушење. Денталната хигиена, која ви овозможува да одржувате доволно влажност во устата, игра голема улога во состојбата на усните, особено во староста.

2. Суви и испукани усни

Сувата уста е обично знак на блага дехидрираност, односно усните може да бидат суви и испукани кога немате доволно вода во вашето тело. Климатските услови исто така многу влијаат на состојбата на усните, па многу луѓе постојано носат балсам за усни со нив во текот на зимата.

Треба да се воздржите од лижење на усните бидејќи тоа само ја влошува состојбата, а чешањето на усните, покрај тоа што се испукани, може да значи дека имате алергија.

Сувите усни се знак на недоволна хидратација или изложеност на ветер и сонце. Најдобар лек е да пиете доволно течности (вода), притоа да избегнувате кафе и газирани пијалаци. Исто така, добро е да чувате шише вода покрај креветот за да се освежите ако се будите во текот на ноќта.

3. Меури и ранички

Меурите и раничките се појавуваат почесто во зима и обично или исчезнуваат сами или со помош на кремови што можете да ги купите во аптеките. Може да бидат предизвикани од вирусот херпес симплекс, а во тој случај веројатно ќе почувствувате пецкање и солзење на местото каде што ќе избувне на површината.

Повеќето луѓе го носат овој вирус во своето тело во текот на целиот живот и може повремено да избие повторно, особено ако имате нарушен имунитет.

4. Пукнатини на рабовите и на аглите на усните

Ако премногу често ги лижете усните, може да го зголемите ризикот од инфекција. Ако се лигавите додека спиете или носите некое забно апаратче, бактериите може да се насоберат и да предизвикаат инфекција. Ако усните ви се суви, нанесете балсам пред спиење.

5. Промени во бојата

Пушењето или прекумерното пиење кафе може да ги затемнат усните, но промената на бојата на усните може да укаже и на сериозен проблем со црниот дроб.

Ако усните добијат сина боја, тоа може да биде знак на недостаток на кислород во телото, а во тој случај и прстите на рацете и на нозете ќе станат сини.

Ако усните ви се бледи, можно е да имате анемија, недостаток на некој витамин или ниско ниво на шеќер во крвта.

6. Темни дамки

Темните дамки на усните може да бидат резултат на изложеност на сонце. Обично се темнокафеави и можат да бидат доста болни. Заштитите ги усните со балсам со висок заштитен фактор.

Темните дамки може да укажуваат на недостаток на витамин Б12 или на хиперпигментација. Ако станува збор за хиперпигментација, дамките ќе бидат присутни и на носот, челото и образите.

7. Отечена усна

Ако тоа не е последица на удар, отечената усна може да биде знак на алергиска реакција. Ако усните ви отекуваат откако ќе нанесете кармин или сјај, можеби сте чувствителни на некои состојки.

Но, ако истовремено ви се појават чешање и затегнатост во грлото, тоа може да биде алергиска реакција на нешто што сте јаделе.

8. Црвени кругови околу усните

Воспалените црвени кругови околу усните се знак на егзема. И ова може да биде резултат на постојано лижење на усните затоа што со лижењето можете да го отстраните мрсниот заштитен слој од кожата, а потоа таа ќе стане црвена, ќе се појави чешање и ќе се појават красти. Важно е да ја негувате таа област со хидратантен крем. Ако иритацијата е многу силна, користете природни производи без мирис и без конзерванси.

Храна што го стимулира лачењето плунка

Храната која го стимулира лачењето плунка ќе ја подобри состојбата на усните и на устата. Јадете повеќе јаболка, краставици, домати, тиквички, лубеници, лимони и крцкав зеленчук полн со растителни влакна, како моркови и целер. Избегнувајте оброци што содржат само сува и солена преработена храна бидејќи тие ја нарушуваат рамнотежата на минералите, особено на натриумот и на калиум, кои се важни за одржување на рамнотежата на течностите во организмот.

Погледнете кои јасни знаци покажуваат дека причината за вашата болест е стресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар