8 збунувачки нешта во денешните врски
Работите во денешните машко-женски односи не се баш црно-бели. Времињата се такви што некои работи во модерните врски се доста збунувачки.
1. Не знаеш дали си на состанок
Еден од двајцата предложил да одите заедно да јадете или да седнете на пијачка. Вие чувствувате дека има некаква хемија меѓу вас, но не ви е јасно дали тоа е состанок или се работи само за дружба како и досега.
2. Не знаеш колку долго треба да чекаш
Не знаеш колку долго треба да чекаш за да иницираш секс со новиот потенцијален партнер за да бидеш сфатен/а сериозно. Не знаеш дали тоа треба да се случи на вториот состанок, дали треба да се чека барем 3-4 состаноци или повеќе. Тоа зависи од оние кои се состануваат, но не постои стандард за човек да знае како да постапи, а да не згреши.
3. Не се знае разликата меѓу сериозна и несериозна врска
Додека еден смета дека двајцата се гледаат само заради секс и дружба без обврски, другиот прави планови за подалечната иднина. Врската им е таква што едниот ја гледа како сериозна, а другиот само како забава. И повторно, нема стандард за тоа како треба да гледаат на тоа, сè е прашање на личните уверувања.
4. Ако немало чувства, смеете ли да се гледате со неговиот/нејзината другар/ка?
Ако со некого сте имале нешто кое траело кратко и во кое не биле вклучени никакви чувства, дали тогаш е во ред вашата идна цел да биде неговиот/нејзината другар/ка? Најчесто тоа се смета за неприфатливо, но што ако во вториот случај има некакви чувства? А ако и двајцата се од мало место, па секој му е другар на секого?
5. Едниот има чувства, а другиот не
Едниот очигледно е вљубен, а другиот не е. Вљубениот/ата дава можност за врска на другиот, но тој/таа го/ја користи само за забава. Прашањето што се поставува е дали треба уште од старт секој да ги соопшти своите намери или работите да се остават природно да си течат.
6. „Јас се гледам со многу девојки, но машко сум. Ама таа е женско и не треба така.“
Збунувачки двоен стандард кој нема никаква разумна основа, но си останува да постои. Добредојдовте во 21-виот век!
7. Никој не сака да става етикети на односите, но на крајот сите сакаат нивната врска да биде дефинирана
Несатавњето етикета на врските значи избегнување одговорност и посветеност. Луѓето не сакаат да се чувствуваат заглавени, да имаат обврска кон некого. Па сите сакаме да бидеме слободни, зарем не?
Но, на крајот, на сите ни е потребна таа цврста основа за да знаеме на што сме со некој. Оди па сфати.
8. Никој не сака прв да каже „те сакам“
Небаре во врска се влегува за да не се сака партнерот, па никој не сака да биде првиот што ќе изјави љубов. Кога ќе се најде некој/а трет/а што ќе го каже тоа, веќе е доцна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.