8 видови суперхрана препорачана од диететичарите којашто ефикасно ги „топи“ килограмите
5. Леќа
Леќата е друг добар пример за храна со низок гликемичен индекс. Таа бавно се вари, што овозможува да се чувствувате сити долго време и го намалува чувството на стрвост. Леќата исто така е и богат извор на растителен протеин, што значи дека е одличен избор за вегетаријанци и вегани.
6. Брокула
Брокулата е исто така одличен зеленчук кој придонесува за намалување на телесната тежина, бидејќи содржи исклучително мал број калории, а многу хранливи влакна. Влакната апсорбираат вода и се зголемуваат во волумен, поради што ќе се чувствувате сити подолг временски период и варењето ќе ви се забави.
7. Масна риба
Без разлика која риба ја преферирате – туна, сардина или лосос, масната риба содржи екстремно големи количества Омега-3 масни киселини, а тоа е директно поврзано со развојот на поздрави клетки, коишто се способни многу поефикасно да ги процесираат шеќерите и мастите во нашиот организам.
8. Јајца
Одамна е познато дека јајцата се суперхрана, којашто е богата со протеини и повеќе од 20 есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси. Јајцата се одлична храна која ги одржува нашите клетки здрави, а истражувања имаат откриено дека ако ги консумирате за појадок, ќе ги одржувате нивоата на инсулин под контрола. Инсулинот е хормон којшто ги контролира мастите во нашиот метаболизам.
9. Кафе и чај
Истражувањата покажуваат дека кофеинот во кафето и чаевите можат да го забрзаат метаболизмот, а со тоа и да помогнат во намалувањето на тежината. Секако, тоа не значи дека треба да ги консумирате во прекумерни количини.
Бонус совет за топење килограми
И покрај тоа што на сите ни е добро позната мудрата мисла „Вие сте она што го јадете“, сепак вистинските вежби може да ви помогнат побрзо да ги постигнете вашите цели околу губењето на вишокот килограми.
Сите видови вежби можат да се поделат во две групи: аеробични и анаеробични. Некои тренери тврдат дека тежината најефикасно се губи со вежби коишто се комбинација од рачни тегови и кардио тренинг. Со овој вид комбиниран тренинг се согоруваат многу калории, се спречува забавувањето на метаболизмот и се зголемува мускулната маса и густина.
Дознајте и кои 8 продукти се покорисни за женското здравје од суперхраната.