8 трикови со кои ќе изгледате како модна кралица
Иако во духот жените може да се чувствуваат како тинејџерки, со тек на време добиваат значајни обврски и работни позиции. Поради тоа, колку и да ги сакаат, треба да ги исфрлат од својата гардероба парчињата облека кои не се соодветни за возраста. Исто така, многу е важно да се инвестира во стилски парчиња кои ќе ја истакнат вашата фигура и ќе придонесат да изгледате младо и свежо. Следете ги овие совети и изградете го вашиот нов стил, со кој ќе го задржите и негувате и младиот дух:
1. Класични еднобојни маички
Носете еднобојни маички со кратки ракави без никаква апликација на нив. Експериментирајте со должината на ракавите, обликот на јаката и кројот. Можете да ги комбинирате со здолништа, фармерки и соодветни чевли.
2. Голем црн џемпер
Кога ја бирате големината, погрижете се да не изгледате како да се губите во џемперот. Одберете го така што ќе ви биде точен, но и доволно долг и широк за да биде удобен.
3. Квалитетни фармерки
Вашето омилено парче од тинејџерските години лесно може да се вклопи во модниот стил. Треба да внимавате кројот да одговара на вашето тело, што не значи дека треба да ги следите слепо новите трендови. Високиот струк, на пример, ќе ја истакне силуетата, а тесниот крој е одличен ако имате цврсти и извајани нозе. За девојки со облини, одличен избор е и класичната џинс-ткаенина и правиот крој.
4. Јакна, палто, наметка или мантил
Додајте елеганција во вашиот изглед со мантил или сако. Тука можете да експериментирате со должината, јаката и струкирањето, како и со боите. На пример, мастило-сината боја добро стои и со маичките од точка 1, но и со секоја нијанса на џинс.
5. Модни додатоци
Со правилен избор на накитот, не само што ќе изгледате младо, туку и ќе покажете одлична смисла за стил. Изберете дискретни и лесни парчиња накит кои ќе ви го надополнат целокупниот изглед.
6. Чизми до глуждови
Обувка која со години е во тренд, а која ќе придонесе нозете да ви изгледаат потенки и подолги. Деталите како копчиња, патенти или панделки ќе направат да изгледате уште помодерно. Комбинирајте ги со препораките од претходните точки.
7. Високи потпетици
Секоја жена треба да поседува најмалку еден пар чевли со висока потпетица. Во прилики кога треба да изгледате елегантно и привлечно, нема подобар избор од класични салонки, изработени од квалитетен материјал, што одлично стојат и со фармерки и со фустани. Изберете ја височината што ви одговара, за да избегнете непријатни болки.
8. Лош избор на долна облека
Кога купувате долна облека, внимавајте на тоа да можете да ја носите со облеката која веќе ја имате. Во продавниците има многу избор на бои и ткаенини кои не се видливи под облеката, а исто така можете да изберете модел без рабови. За градник, имајте повеќе модели, од оние со мазна корпа, до оние кои се украсени со тантела и комбинирајте ги соодветно.