8 славни фризури кои никогаш нема да излезат од мода
Секоја нова сезона ни носи и нови трендови, но овие 8 легендарни фризури успеале долго време да се задржат на својот трон. Започнувајќи од кратките момчешки фризури, кои ги краселе лицата на Твиги и Одри Хепберн, па сè до бујната коса на Жижел Биндшен и локните на Сара Џесика Паркер, погледнете ги најпознати фризури низ историјата што и ден денес се популарни меѓу дамите.
1. Пикси (Твиги)
Не е тајна дека кратката пикси фризура е апсолутен хит оваа сезона. Станува збор за едноставна, симпатична и женствена фризура чие патување започнало благодарение на добро познатата манекенка Твиги. По неа, таа беше карактеристична и за Одри Хепберн, Џенифер Лоренс, Коко Роча, па дури и Памела Андерсон.
2. Бранови (Вероника Лејк)
Вероника Лејк била една од најпознатите актерки во 40-тите години од минатиот век. Нејзината долга коса која на краевите имала благи бранови станала препознатлив печат за сите ѕвезди во тоа време. Но, таа и денес е една од најчестите фризури кои можат да се забележат на жените ширум светот.
3. Пунџа (Типи Хедрен)
Шармантната и уредна пунџа, станала голем хит за време на 50-тите години кога била промовирана од страна на Типи Хендрен, Грејс Кели, Ким Новак и други најчесто русокоси дами. Оваа фризура исто така е и една од омилените на кралските семејства бидејќи совршено одговара со нивниот гламурозен стил.
4. Долга коса (Бриџит Бардо)
Прекрасната Бриџит Бардо ја обожава својата платинеста долга коса која често ја декорира со различни модни додатоци. Таа без сомнение е препознатлива по оваа фризура.
5. Бујна коса (Жизел Биндшен)
Постои една единствена причина зошто Жизел Биндшен не ја менува својата фризура – нејзиниот секси изглед е толку впечатлив, што можеме слободно да кажеме дека таа ја пронашла својата добитна комбинација. Нејзината фризура е раскошна и сјајна, која најпрво се појавила во средината на 90-тите, но сè уште е една од најпопуларните ширум светот.
6. Локни (Сара Џесика Паркер)
Природно витканата коса била хит во 80-тите години, но нејзините 5 минути дошле благодарение на Сара, односно Кери Бредшо, која им покажала на сите дека оваа фризура може да биде носена во комбинација со секаков вид стил и да ги следи најновите модни трендови.
7. Степени (Џенифер Анинстон)
Фризурата која оваа актерка ја имала како ликот Рејчел, во ТВ серијата „Пријатели“ е една од најпопуларните во 90-тите со големо влијание врз денешните модерни стилови.
8. Боб (Луиза Брукс)
Кога станува збор за боб фризура, сигурно првото нешто што ви текнува е Викторија Бекам. Но, девојката која прва ја покажала оваа фризура на светот, преку своите улоги во немите филмови, е токму Луиза Брукс.