8 романтични љубовни состаноци кои ќе ве стоплат за време на зимата
Ладно ви е? Не грижете се. Погледнете ги следниве романтични состаноци кои гарантирано ќе ве загреат за време на оваа зима. Сезоната на ниските температури и снежни денови веќе започна, па зошто да не би се стоплиле така што ќе се инспирирате од следниве неколку идеи за зимски љубовни состаноци?
1. Лизгање
Можеби ви делува како клише, но зарем има нешто подобро од лизгање по кое следува пиење топло чоколадо или греено вино? Доколку сте доволно среќни да бидете некаде надвор од градот, можеби дури би имале можност и да лизгате на замрзнато езеро и да имате пикник на снег.
2. Прошетка низ село
Можеби ви делува како лоша идеја да посетите село за време на зимата, но не постои ништо подобро од зацрвенувањето на вашите образи од студениот и чист селски воздух. Вие исто така би можеле да вечерате покрај камин или да посетите удобен мал ресторан или паб за автентично искуство.
3. Љубовен состанок покрај свеќи
Постои нешто магично во прегратките на светлина од свеќи. Или пак, уште подобро, од камин. Откако ќе ги изгаснете сите останати светла, можете да се наместите удобно во дебело ќебе или пак, да играте некоја игра. Единственото правило е да не се користи струјата. Што се однесува до пијалаците, топол чај, топло чоколадо или греено вино се најдобар избор за оваа атмосфера.
4. Божиќни десерти
Со оглед на тоа што ни се приближуваат празниците, зошто да не се договорите за ден во кој би ги подготвиле заедно сите новогодишни или божиќни десерти? Направете колачиња или торта и бидете креативни во тоа што ќе решите да го подготвите. Инспирирајте се од тематски божиќни рецепти кои можат да се најдат лесно на Интернет и изненадете ги вашите најблиски.
5. Состанок во кој ќе направите нешто добро
Зошто да не одлучите заедно да му дадете подарок на светот така што ќе волонтирате за локална добротворна организација која организира новогодишен или божиќен настан за оние кои се помалку среќни?
6. Направете сами
Доколку сакате рачни изработки, тогаш вие можете заедно да направите празнични честитки или декорации за домот и елката. Постојат премногу идеи на Пинтерест кои можат да ви помогнат во оваа цел.
7. Декорирајте го домот заедно
Зошто да не му дозволите на вашиот партнер да ви помогне при декорирањето на вашиот дом? Вие можете да го комбинирате овој состанок со оној кога ќе подготвувате десерти за празниците со цел да го поминете целиот ден заедно.
8. Насочете се кон планините
Вие едноставно немате изговор да не посетите некоја блиска планинска романтична локација на неколку денови и да избегате малку од гужвата во вашиот град. Не мора дури ни да плаќате многу за изнајмување скии или други зимски активности, доволно е само да прошетате на свежиот планински воздух и да ги наполните белите дробови со здравје.