8 работи што секогаш им се случуваат на луѓето кои се сингл подолго време
Не можете да се сетите кога последен пат сте биле во врска. Не сте биле дури ни на љубовен состанок во последните неколку месеци. Без разлика дали сте премногу зафатени или сте решиле да ја чекате вистинската љубов, доколку сте сингл подолго време, сигурно ви се случуваат следниве 8 работи…
1. Постојано се премислувате околу тоа како се чувствувате во врска со вашиот статус сингл
Ви требало некое време за да почнете да ја цените слободата што ја нуди статусот сингл. Сте станале силни, независни и не ви треба никој друг, особено откако сте виделе колку лоши може да бидат врските. Сепак, одвреме-навреме посакувате да имате некого со кого ќе можете да си лежите и да си гледате филмови.
2. Сте заборавиле како да флертувате
Кога луѓето ќе ви кажат дека им се допаѓате, веднаш се сомневате во нивните мотиви. Флертувањето ви се чини како невозможна математичка равенка што никогаш нема да ја решите.
3. Не ви пречи тоа што „им светите“ на некои парови, дури и уживате во тоа
Знаете дека не можете да седите дома цело време, па затоа се дружите со вашиот омилен пар. Воопшто не ви пречи тоа што сте вишок, дури и уживате во заедничките излегувања.
4. Кога ви се допаѓа некој, почнувате да си правите секакви сценарија во глава
Разговорите преку пораки ви предизвикуваат голема анксиозност, бидејќи постојано се обидувате да откриете што мисли вашата симпатија. Ги анализирате вашите реченици по 100 пати за да се погрижите дека не ви се провлекла ниту една граматичка грешка, иако знаете дека тоа не е воопшто важно. Кога судбоносните три точки конечно ќе се појават, чекате како да седите на шилци. А да не почнеме да зборуваме за тоа кога треба да одлучите каков емотикон да ставите.
5. Забележувате дека вашите пријатели се откажуваат од помислата дека ќе си најдете партнер
Веднаш ги одбивате сите покани за љубовни состаноци. Не сакате да си го губите времето на некој идиот или идиотка кои и онака сигурно ќе ве изневерат.
6. Секогаш ги превртувате очите кога ќе забележите нешто љубовно
Повеќе не поминувате време на социјалните мрежи, бидејќи оваа навика ви станала премногу напорна. Сите се венчаваат или забременуваат, што е ужасно и вие немате време за такво нешто.
7. Проверката на хороскопот е вашиот дневен ритуал
Почнувате да мислите дека можеби ѕвездите се виновни за вашиот сингл статус. Рибите ја занемаруваат својата среќа затоа што премногу се грижат за среќата на другите. Скорпиите се преголеми скептици кога станува збор за љубовта. Вагите мислат дека не заслужуваат љубов. Покрај сите овие предвидувања, вината за вашиот љубовен живот сигурно не е ваша!
8. Сте се откриле себеси, а тоа е прекрасно
Некои работи треба да ги направите сами. Сега, кога конечно сте дознале кои сте, сфаќате дека не ви треба никој друг во животот. Но, можеби сакате да го споделите животот со некого. Можеби…
Доколку сте сингл подолго време, прочитајте зошто чекањето вистинска љубов ќе ве направи посилни, а не поосамени.