8 причини поради кои сè уште немате мало парично богатство
Експертите сметаат дека постојат многу потенцијални милионери. Но за да станат тие луѓе милионери, мораат да искоренат некои лоши навики. Погледнете за кои навики станува збор.
1. Претерано трошите
Не сте единствени ако уживате во трошењето пари. Всушност, според некои истражувања дури 52% од луѓето ги трошат своите пари од навика. Поголемиот дел земаат пари од својата заштеда, а 22% од кредитни картички. Ако секој месец ги трошите сите ваши пари, немате никакви шанси да се збогатите. Време е да почнете да обрнувате внимание на што ги трошите парите секој месец, и обидете се да ги намалите трошоците така што ќе направите реалистичен месечен буџет.
2. Не штедите доволно
Иако мал број луѓе успеваат да заштедат, ако сакате да бидете богати тоа треба да ви биде приоритет. Обидете се секогаш кога ненадејно ќе ви останат вишок пари да ги тргнете настрана.
3. Имате премногу долгови
Верувале или не, одредени долгови можат да бидат добар предуслов за финансиски успех, како на пример промена на работното место или купување недвижнини. Од друга страна пак, кога ги враќате долговите, секогаш враќајте ги прво оние со највисока камата.
4. Немате план
Не можете да станете богати без јасно дефиниран план. Можеби не ви звучи најинтересно да правите финансиски план, но морате да се навикнете на тоа.
5. Немате фонд за итни случаи
Морате да имате фонд за итни случаи во кои сте вложувале барем во последните 6 месеци. Како што и самите знаете животот е непредвидлив, па кога не сте осигурени на овој начин, дури и најмалата незгодна ситуација може да прерасне во катастрофа.
6. Доцна сте почнале
Времето лета, а најтешко е да започнете нешто. Можете да заштедите малку дури и иако имате долгови, мали примања и многу трошоци.
7. Наместо да направите нешто, постојано се жалите
Ако постојано мислите дека не заработувате доволно, дека никогаш нема да ги платите долговите или дека животот е премногу скап, престанете. Ништо нема да се промени ако не го промените начинот на размислување. Престанете да барате изговори и да се жалите. Преземете одговорност за вашите навики и променете ги.
8. Живеете само за денес и не мислите на утре
Никому не му е забавно да размислува за далечната иднина, но понекогаш морате да го направите и тоа. Направете си услуга и применете го принципот „Заштеди сега, збогати се подоцна“. Ако вложите во едно нешто, можеби ќе имате среќа. Но, тоа е како да играте лотарија. Вложете ги парите на повеќе страни.
Погледнете ја и оваа едноставна мудра за привлекување богатство.