8 причини поради кои луѓето изневеруваат

8 причини поради кои луѓето изневеруваат

Статистиките велат дека изневерувањето е присутно во 20 до 25% од браковите, а мажите и жените изневеруваат подеднакво. Меѓусебната доверба е дел од сите романтични врски и често, иако не секогаш, е поврзана со верноста. Но, изневерувањето може да ја уништи дури и најцврстата врска.

8 причини поради кои луѓето изневеруваат

Прељубата е водечка причина за разводите и распаѓањето на врските. Може да поттикне насилство во семејството, како и нарушување на менталното здравје, на пример појава на депресија и анксиозност.

Податоците велат дека и мажите и жените изневеруваат подеднакво. Со оглед на тоа што изневерувањето има многу штетни последици, како на лично ниво така и во врската, се поставува прашањето: Зошто сепак луѓето ризикуваат? Која им е мотивацијата за изневерување? Истражувањата ни ги даваат следните осум причини како главни мотиви за неверство.

1. Степен на вљубеност

Понекогаш послабата љубов во постоечката врска води до вонбрачна врска. Повеќе од три четвртини од паровите изјавиле дека недостатокот на љубов и/или поголемата љубов кон „новиот“ партнер е силна причина за изневерување.

2. Здодевност

Неверството не е само одговор на некој проблем во постоечката врска, туку и реакција на здодевност. Дури 74% од луѓето сакаат разновидност во врската. За оваа причина се изјасниле повеќе мажи отколку жени.

3. Запоставеност

Слично како што чувствуваат недостаток на љубов, некои луѓе се впуштаат во неверство поради недостаток на внимание од страна на нивниот партнер. За оваа причина, за разлика од претходната, се изјасниле повеќе жени во однос на мажи.

4. Незадоволство

Не секој чин на изневерување е резултат на незадоволство во моменталната врска. Дури 70% кажале дека тоа се случило за време на некоја неочекувана ситуација, во која често владеел алкохолот. Најбројни во оваа категорија се мажите.

5. Зголемување на самодовербата

Изгледа контрапродуктивно, во однос на тоа дека изневерувањето може да има значајни последици на психата, но за некои луѓе тој чин им ги зголемува егото и самодовербата.

6. Бес

Не е најчестата причина, но лутината игра улога во многу неверства. Многу од партнерите го гледаат изневерувањето како начин на казнување на партнерот или како одмазда.

7. Не се заљубени во партнерот

Недостатокот на љубов и недостатокот на посветеност кон партнерот создава општо чувство на незадоволство во врската. Дури 41% се поистоветиле со оваа причина.

8. Силна сексуална желба

Околу една третина од испитаниците изјавиле дека влегле во афера поради нивната сексуална желба. Ова се случува кога луѓето во својата врска не разговараат за своите сексуални желби кои сакаат да ги искусат, па затоа тоа го наоѓаат во некоја друга личност.

На темата неверство во врската, проверете дали вие сте склони кон микро-неверство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар