8 причини кои дефинитивно ќе ве убедат да останете пријатели со бившиот партнер

8 причини кои дефинитивно ќе ве убедат да останете пријатели со бившиот партнер

Да се биде пријател со бившиот партнер не е секогаш најдобра идеја. Некогаш таа личност треба навистина да си замине од вашиот живот и никогаш повеќе да не се врати. Но, ако сте имале мирољубиво и пријателско раскинување и најголемата причина за тоа раскинување било тоа што повеќе си одговарате платонски, тогаш можеби можете да ја спасите вашата поврзаност.

0-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk_

Иако да се биде пријател со бивш е тешко и многу ризично, сепак може да има многу придобивки. Ако вежбате трпеливост, љубезност и ако ги почитувате границите на пријателството, еве кои позитивни нешта можат да произлезат од вашето пријателство.

1. Не морате да ги делите заедничките пријатели

Ако заедно си бившиот/ата сте биле дел од поголемо друштво, едно од најчестите прашања по раскинувањето е кој да престане да се дружи со нив. Но, ако останете во пријателски односи, и двајцата можете да продолжите да бидете дел од друштвото. Исто така, луѓето надвор од таа врска нема да бидат приморани да одлучуваат со кого да продолжат да се дружат.

1-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk

2. Никој не е негативец

Голем дел од раскинувањата се претвораат во навреди, огорченост и презир и ве спречуваат да најдете некоја нова личност. Ако останете пријатели, поголеми се шансите подобро да го пребродите сингл периодот.

2-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk

3. Добивате пријател кој најмногу ве познава

Вашите пријатели можеби ве знаат добро, но не на истиот начин како што ве познава личноста со која сте излегувале. Вашиот бивш партнер најдобро може да ве прочита и тоа е ретка, но многу важна особина која треба да се поседува за да може едно пријателство да опстои. Тие ќе ви го кажат она што не сакате да го слушнете, иако знаете дека во тие моменти токму тоа ви треба.

3-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk

4. Нема за што да се карате

Вие веќе ги имавте сите караници, а нивното решение беше раскинувањето.

4-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk

5. Имате бескраен извор на шеги

Она што е можеби најубаво нешто во продолжување на пријателството со бивш/а е тоа што можете да се смеете на мааните на другиот. Затоа постојат пријателите, се разбира сѐ додека и двајцата можете да ги издржите „ударите“ на другиот.

5-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk

6. Имате помал багаж за следната врска

Вашето љубовно минато може многу да му каже на новиот потенцијален партнер. Ако имате историја на лоши раскинувања, тогаш можеби вие сте проблемот, но ако сте имале раскинувања без никакви проблеми тогаш тие ги нагласуваат вашите позитивни квалитети со кои можете да придонесете во новата врска.

6-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk

7. Можете да сте среќни еден за друг

Можеби ќе ви биде чудно ако навивате вашиот бивш партнер да пронајде нова љубов, но тоа е многу забавно. И плус, тоа е ефективен начин да им кажете на идните партнери дека немате проблеми со минатото и дека и тие не би требало да се грижат за тоа.

7-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk

8. Следното раскинување нема да биде толку страшно

Барем сте научиле дека е во ред да се стави крај на нешто што не функционира. Распаднатата врска не мора да значи дека времето било залудно потрошено – можеби тоа било само потрнлив пат кон прекрасно пријателство.

8-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар