8 парчиња облека кои секој маж сака да ги види на својата девојка

8 парчиња облека кои секој маж сака да ги види на својата девојка

Што мислите, кои парчиња облека мажите ги сметаат за најсекси? Според неодамнешните истражувања, постојат 8 такви парчиња кои секој маж ужива кога ги гледа на својата девојка. Погледнете за кои станува збор.

1. Кошула

(1) 8 парчиња облека кои секој маж сака да ги види на својата девојка

Секоја жена треба да има барем неколку различни кошули во својот шкаф. Тие не само што се практични и удобни, туку можат да бидат и многу секси – најмногу бидејќи според истражувањата дури 72% од мажите замислуваат како ги откопчуваат.

2. Отворен грб

(2) 8 парчиња облека кои секој маж сака да ги види на својата девојка

Многу жени кога сакаат да бидат секси, најпрво посегнуваат по отворено деколте, но според неодамнешно истражување, дури 87% од мажите сметаат дека голиот грб е многу поелегантен и посекси избор.

3. Црвен фустан

(3) 8 парчиња облека кои секој маж сака да ги види на својата девојка

Фустанот е најдобриот романтичен избор за сите девојки, додека пак, црвената боја е онаа која најмногу ги привлекува мажите. Дури 71% од нив би ви откриле дека нема лош момент да ја видат својата девојка во секси црвен фустан.

4. Штикли

(4) 8 парчиња облека кои секој маж сака да ги види на својата девојка

Можеби ова парче од модната комбинација ви делува стереотипно, но не за џабе штиклите никогаш не излегуваат од мода. Дури 91% од мажите изјавиле дека тие се најсекси обувки за жените. Ваше е само да одлучите за висината.

5. Тесни фармерки

(5) 8 парчиња облека кои секој маж сака да ги види на својата девојка

Секој маж смета дека жените кои изгледаат добро во фармерки се неизмерно секси. Секако, треба да внимавате моделот да одговара на вашата градба на тело, но ако направите добар избор не постои маж кој не би се свртел по вас.

6. Бразилски гаќички

(6) 8 парчиња облека кои секој маж сака да ги види на својата девојка

Многу жените сметаат дека тангите се единствената долна облека која може да биде секси. Но, понекогаш парчињата со малку повеќе материјал може да им остави многу простор за фантазирање на мажите, па затоа бразилските гаќички се идеални за тоа.

7. Тесно здолниште до колена

(7) 8 парчиња облека кои секој маж сака да ги види на својата девојка

Овој вид модел кој е познат и како молив-здолниште, голем број мажи го преферираат повеќе од мини здолништата. Дури 60% од мажите повеќе би сакале здолништето да е со должина до или под коленото, што е доволно за да го открие најсекси делот од нозете.

8. Бела едноставна маичка

(8) 8 парчиња облека кои секој маж сака да ги види на својата девојка

Кој би рекол дека олку едноставен дизајн би можел да биде толку секси за мажите? Според одредени истражувања, секој 4-ти маж смета дека белата обична маичка е најсекси облека која некогаш била направена за жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар