8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

Најпознатите несакани ефекти од земањето антибиотици се гадење и дијареја. Речиси секој знае за нив, без разлика дали слушнал од лекар или од лично искуство. Но научниците откриле дека барем 20% од луѓето кои земале антибиотици имале несакани ефекти. Ова се некои од почестите.

1. Габична инфекција

8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

Антибиотиците ја менуваат животната околина на бактериите во нашето тело, па стануваме поранливи на габични инфекции. Инфекцијата може да се појави во устата, на кожата или под ноктите. Доколку примате долга терапија со антибиотици, прашајте го вашиот лекар и за третман за габична инфекција.

2. Менување на бојата на забите

8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

Тетрациклинот може да ја промени бојата на забите кај деца помлади од 8 години. Ако бремена жена ги зема овие антибиотици, постои можност нејзиното дете да има проблеми со емајлот на забите. Неодамна научниците открија дека модерниот антибиотик доксициклин не ја менува бојата на забите кај возрасните. Но се разбира, земајте го само ако ви е препорачано од вашиот лекар.

3. Треска

8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

Треската може да биде предизвикана од многу нешта освен од антибиотици. Но, ако треската започнала веднаш по терапијата со антибиотици, можно е да имате алергиска реакција. Најверојатно таа ќе помине сама, но доколку ви се влоши состојбата веднаш посетете лекар.

4. Алергиска реакција

8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

Еден од најопасните несакани ефекти е алергиската реакција. Во овој случај може да се појави осип, отоци на очните капаци, усните, јазикот, па дури и на грлото. Понекогаш во вакви ситуации пациентот се спасува со доза адреналин. Важно е да му кажете на лекарот за вашите алергии и да почнете да земате антибиотици од друга група.

5. Чувствителност на сонце

8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

Некои антибиотици влијаат на чувствителноста на вашата кожа на ултравиолетови зраци. Ако сте премногу изложени на сонце додека ги пиете овие лекови, имате поголема шанса да изгорите. Најдобро е да не излегувате на сонце од 10 до 14 часот, да користите заштитна крема и да се покриете со облека.

6. Проблеми со срцето

8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

Не се случува често, но антибиотиците можат да предизвикаат проблеми со срцето. Најчесто настанува аритмија или низок крвен притисок. Ако почувствувате нешто вакво, веднаш посетете го вашиот лекар.

7. Главоболка и вртоглавица

8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

Главоболките и вртоглавицата се популарни несакани ефекти кај антибиотиците. Но, најчесто симптомите прекинуваат штом ќе завршите со терапијата. Ако главоболката не е премногу силна, можете да испиете апче за болка. Доколку не можете да ја поднесете болката, вашиот лекар ќе ви помогне.

8. Несакана бременост

8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

Ако земате рифамицин, а истовремено пиете пилули за контрацепција, заштитата може да се намали. Со ова се зголемуваат шансите за несакана бременост. Другите антибиотици немаат толку силно влијание. Додека пиете терапија, користете и уште некое средство за заштита за време на однос.

Доколку земате антибиотици и забележите некои несакани ефекти, немојте сами да се справувате со нив и немојте да ги игнорирате. Веднаш посетете професионалец.

Погледнете и како да го исчистите вашето тело по пиењето антибиотици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар