8 неочекувани причини за суви и испукани усни - Part 2

8 неочекувани причини за суви и испукани усни

5. Алергични сте на некои продукти

8 неочекувани причини за суви и испукани усни

Многу луѓе имаат чувствителни усни иако остатокот од нивната кожа им е во ред. Ако сте алергични на некои од состојките во вашиот кармин, шминка, паста или други продукти за грижа на кожата, може да завршите со суви и испукани усни. Исто така, алергиите на храна може да предизвикаат иритација на усните.

6. Недостаток од витамин Б2

8 неочекувани причини за суви и испукани усни

Витаминот Б2 се наоѓа во млеко, печурки, спанаќ, јогурт и некои видови месо. Ако имате недостаток од овој витамин може да забележите пукнатини на усните и на краевите од вашата уста.

7. Лекови

8 неочекувани причини за суви и испукани усни

Понекогаш сувата кожа е директен резултат на некои лекови. Некои препишани лекови како диуретици, одредени лекови за холестерол и лекови за акни можат да ја исушат кожата.

8. Иритација од цитруси или цинамат

8 неочекувани причини за суви и испукани усни

Киселината во цитрусите може да ги иритира усните и усната празнина. Ако вашите усни се веќе суви и испукани, јадењето кисела храна може да биде болно. Цинаматите кои може да се најдат во гумата за џвакање, слатките и пастата за заби, исто така може да предизвикаат иритација и болка.

Лекување на испуканите усни

8 неочекувани причини за суви и испукани усни

Најдобриот начин да се справите со сувите и испукани усни е пиењето многу течности и постојано навлажнување со балсам. Можете да користете и навлажнувач на воздух во вашиот дом или канцеларија. Ако не можете сами да го решите проблемот, најдобро е да го посетите вашиот лекар кој ќе ја открие вистинската причина за оваа појава.

Дознајте и кои се промените на усните зад кои се кријат здравствени проблеми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар