8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

За да ја одржите вашата насмевка младолика и свежа, не е неопходно да користите скапи маски за лице или креми против брчки. Сѐ што треба да направите е активно да го менувате начинот на кој се движат мускулните групи на вашето лице. Докажано е дека фацијалните вежби односно јогата против стареење на кожата на лицето, ќе направи да изгледате и да се чувствувате многу помладо.

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

Во продолжение погледнете ги овие 8 едноставни, а ефикасни вежби против стареење коишто можете редовно да ги применувате, за да имате поцврста и тонирана кожа.

1. Масажа на лицето

Доколку немате можност да посетите професионалец, можете и сами во домашни услови да си правите масажа на вашето лице, којашто ќе ви ја разубави кожата бидејќи ќе се подобри протокот на крв и ќе се дефинираат мускулите.

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

Со врвовите од вашите прсти започнете нежно да го масирате челото, движејќи се од долу кон нагоре. Воедно, можеби ќе сакате и да го измасирате вашиот скалп, а тоа треба да го правите со кружни движења на вашите прсти. Потоа, префрлете се на вашите образи и започнете нежно да ги тапкате со правец на движење кон слепоочниците. За да забележите позитивните резултати на вашето лице од овие масажи, неопходно е да ги практикувате барем 20 пати, 2-3 пати неделно. Секако, не заборавајте да ги измиете вашите раце и лице, пред да започнете со фацијалната јога.

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

2. Контрастна масажа

Контрастната масажа има моќ магично да ја преобрази и подигне кожата на вашето лице. Исто така, таа е неверојатна ефикасна за ослободување од двојната брада (подбрадокот). За да ја направите оваа масажа, ќе ви бидат потребни пешкир, вода и најважното – желба да изгледате младо и свежо.

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

Здиплете го пешкирот на пола и потопете го во студена и малку солена вода. Потоа, фатете го за краевите и нежно тапкајте ја вашата брада со него. Повторете го тапкањето 10 пати, а потоа повторете ја постапката, но овој пат пешкирот намокрете го во млака вода.

3. Азбука

За да ги затегнете ослабените мускули на вашето лице, на чие место најчесто се појавуваат брчки, можете и да ја применувате вежбата со рецитирање на англиската азбука. Можеби ова ви звучи како необичен предлог за вежбање на лицето, но имајте предвид дека буквите како „X“ (екс) и „О“ (оу) можат да направат огромна разлика. Доколку ги изговарате неколку пати во текот на денот, ќе ги дефинирате и вратите во живот ослабените мускули на вашето лице, а тоа е неизоставен дел од рутината против стареење на кожата.

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

4. Подигнување на слепоочниците

Оваа вежба ќе ви овозможи да раздвижите голем број мускули на вашето лице, но првенствено мускулите околу слепоочниците, бидејќи кога тие ќе почнат да слабеат целиот горен дел од лицето почнува да виснува надолу. Јошико Мамада е жената којашто ја смислила оваа техника на масирање, во комбинација со вежби за дишење.

8 јога вежби за лице коишто успешно се борат против брчките

Еве од што се состои:

1. Застанете пред огледало и поставете ги прстите од вашата десна рака на левата слепоочница, попрецизно околу надворешниот агол на окото и надворешниот агол на веѓата. Нежно притискајте и тегнете ја кожата нагоре, при што главата не треба да ја навалувате нанапред.

2. Останете во истата позиција и почнете бавно да ја навалувате главата кон десно, нежно истегнувајќи го вратот. Притоа, рамената треба да останат фиксирани и релаксирани.

3. Сѐ уште останувајќи во истата положба, започнете да го пружате јазикот во правец на вашата глава и истовремено издишете и кажете „ха“. Дишете преку нос. Останете во оваа позиција, дишете 4-5 пати и продолжете да го тегнете јазикот нагоре.

4. Вратете го јазикот назад во вашата уста, релаксирајте ги мускулите и вратете се во првобитната позиција. Повторете ја целата постапката, на другата страна од главата.

Останатите јога вежби за лице, продолжуваат на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар