8 изјави што ги разменуваат само неразделните сестри

8 изјави што ги разменуваат само неразделните сестри

Ако сте блиски со вашата сестра и ако го делите секој момент од вашиот живот, тогаш без сомнение ќе се пронајдете во следниве изјави. Вие поминувате толку многу време заедно и делите толку многу искуства, што некој би помислил дека станува збор за истата личност! Ако имате ваков однос со вашата сестра, погрижете се никогаш да не го растурите, бидејќи тоа е најдоброто нешто што досега сте го изградиле во вашиот живот.

1. „Дали е тоа мојот џемпер?“

Бидејќи постојано ја делите облеката, понекогаш може да биде тешко да се сетите што е ваше, а што нејзино. Често се случува да забележите дека таа ги носи вашите работи, па затоа и мора да кажете нешто! Но, ова ве прави само уште поблиски.

2. „Многу личиш на мама/тато на оваа фотографија“

Со текот на годините, вие сè повеќе ќе почнете да се споредувате со вашите родители. Можеби и ќе помислите дека вие наликувате повеќе на мајка ви поради тоа што ги имате нејзините очи и дека сестра ви наликува на татко ви поради нејзината коса и секогаш кога ќе најдете доказ за ова, ќе го споделите со неа.

3. „Тие едноставно ме разбираш“

Без разлика дали таа ќе ви прати некој смешен гиф или ќе ве посоветува за нешто што навистина ви било потребно да го чуете, вие чувствувате длабоко во себе дека таа е единствената што ве знае повеќе одошто се знаете самите.

4. „Мора да го направиме ова заедно!“

Кога последен пат ви се случило да видите некоја фотографија на Инстаграм и веднаш да помислите: „Морам да го направам ова со сестра ми“? Таа е вашиот партнер во криминал, зарем не? Ако правите нешто ново и возбудливо, таа е првата личност на која ќе помислите.

5. „Ти го чувам грбот“

Вашата сестра отсекогаш била вашата најдобра навивачка. Токму затоа и кој пат да го одберете, таа е тука, навивајќи гласно за вас. Таа ве чува и ве поддржува во сè, притоа без да ви постави ниту едно прашање!

6. „Се сеќаваш кога го направивме тоа?“

Кога ќе ве „удри“ носталгија, вашата сестра е првата на којашто ѝ пишувате. Тогаш почнува период на потсетување и навраќање во минатото што ќе ви донесе многу пријатни и топли емоции, притоа полнејќи ве со позитивна енергија.

7. „Ти благодарам што не кажа никому за тоа“

Вашата сестра е најголемиот бранител на вашите тајни. Таа знае сè за вас, но никогаш нема да го пренесе тоа на некој друг. Понекогаш дури и ја замислувате како голем сеф со вашите тајни, чија комбинација за отклучување ја знаете само вие.

8. „Секако, ти си ми сестра и те сакам“

Вие ќе направите сè за вашата сестра. Таа е вашата втора половина и ја сакате безусловно. Знаете и дека нема потреба постојано да ја потсетувате, но сепак обожавате кога и кажувате, но и кога ѝ покажувате колку ја сакате.

Истражувањата потврдуваат: Девојките со сестри се многу посреќни во својот живот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар