8 фантастични трикови кои ќе ви го олеснат секојдневниот живот

8 фантастични трикови кои ќе ви го олеснат секојдневниот живот

Покрај сето она што ни го носи животот, многу е важно да знаеме да се снајдеме и да си олесниме во секоја можна прилика. Затоа денес со вас споделуваме 8 фантастични трикови кои ќе ви помогнат во многу секојдневни ситуации. Можеби некои од нив ги знаете, додека пак за други ќе се запрашате зошто не сте ги дознале порано.

1-8-fantastichni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

1. Без туѓа помош, понекогаш воопшто не е лесно да ја закопчате нараквицата. Во тој случај, послужете се со селотејп и на тој начин фиксирајте го едниот дел од нараквицата за тој да не се лизга, со цел да можете да ја закопчате нараквицата полесно.

2-8-fantastichni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

2. На внатрешната страна од рамката на блузата зашијте лента и низ ние провлечете ја рамката од градникот. На овој начин, рамките нема во секој момент да излезат од блузата и нема да има потреба да ги местите.

3-8-fantastichni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

3. Доколку сакате да го избришете лакот за нокти, а дома немате ацетон, тогаш послужете се со безбоен лак. Намачкајте еден слој и додека не се исуши избришете ги двата лака. Безбојниот лак со себе ќе го повлече и стариот.

4-8-fantastichni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

4. Ароматичните сапуни од лимон даваат свежина без разлика каде и да се наоѓаат. Затоа, ставете ги во фиоките и на полиците за вашата долна облека и гардероба за тие да мирисаат уште поубаво. Со овој трик се служеле нашите мајки и баби.

5-8-fantastichni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

5. Во обувките од кои се шират непријатни миризби ставете платнени кеси наполнети со сода бикарбона и оставете ги да отстојат цела ноќ. Наутро, непосакуваните миризби ќе исчезнат.

6-8-fantastichni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

6. Доколку краевите на врвките од патиките ви се оштетени, тогаш тие знаат да изгледаат доста неуредно. За патиките да изгледаат како нови, откако ќе ги исперете, оштетените краеви од врвките намачкајте ги со безбоен лак.

7-8-fantastichni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

7. Доколку се брзате и забележите дека одреден дел од кошулата не ви е испеглан, тогаш послужете се со пресата за коса. Многу побрзо и полесно ќе го испеглате истутканиот дел и нема да биде потребно да ги местите пеглата и штицата за пеглање.

8-8-fantastichni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

8. Со овој трик шивачките одамна се служат, но доколку до сега не ви паднало на памет, тогаш запомнете дека многу полесно е да зашиете стар градник на фустанот со гол грб отколку да го носите оној со проѕирни рамки или да оставите сè да се гледа. Сè што е потребно е да го исечете задниот дел од градникот, но и рамките, односно треба да ви останат само корпите.

9-8-fantastichni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

Веруваме дека едвај чекате да испробате некој од овие трикови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар