7 знаци дека вашето тело „моли“ за помош
Нашето тело е еден совршен механизам во кој се одвиваат многу работи истовремено. Понекогаш телото ни дава знаци дека му е потребна помош, кои ако ги игнорираме може да доведат до некои здравствени проблеми. Погледнете некои од тие знаци, и што можете да направите во врска со нив.
1. Несоница, раздразливост и грчеви во нозете
Ако ги имате овие симптоми, на вашето тело му недостасуваат магнезиум и калиум. За да ги надополните овие витални елементи, додајте домати, портокали, банани и спанаќ во исхраната.
2. Сува кожа
Сувата кожа може да биде знак за недостаток на витаминот Е. Затоа треба да јадете повеќе зеленчук, масло, јаткасти плодови и риба.
3. Желба за благо
Ако наеднаш ви се појави желба за нешто благо, причината може да биде стрес, депресија или замор. Вашето тело има потреба од гликоза. За да избегнете здебелување, најдобро е да се почестите со темно чоколадо или мед.
4. Желба за јадење мраз
Ако сакате да јадете мраз, можно е да имате анемија – недостаток на железо. Најдобри извори на железо се јајцата, школките и говедското месо. Сепак, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар доколку имате желба за мраз и се чувствувате изморено.
5. Крвавење на непцата
Ненадејно или постојано крвавење на непцата додека ги миете забите може да биде знак за недостаток на витаминот Ц. Во вашата исхрана вклучете цитрусни овошја, спанаќ, зелени и црвени пиперки, домати, зелка, карфиол и броколи.
6. Кршливи нокти и коса
Со ова вашето тело ви кажува дека му недостига витаминот Б. Пијте повеќе млеко и јадете повеќе печурки.
7. Кругови околу ирисот
Овие кругови се појавуваат кај луѓето постари од 50 години, и тоа е нормално. Но, ако се појават кај помлада личност ова може да биде знак за висок холестерол. За тоа најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
Погледнете и кои се секојдневните навики кои го уништуваат вашето здравје.