7 типови пријатели кои треба да ги имате во вашето друштво
Пријателството нема цена и секому му е потребно. Вистинскиот пријател секогаш е тука за вас, без разлика на околностите и знае да ви се најде и во добро и во лошо. Иако пријателството е природна работа и несвесно го одбираме кругот на пријатели, сепак важно е од нив да добивате соодветно на тоа што го вложувате. Ова се неколкуте категории пријатели кои би требало да ги имате во вашето друштво.
1. Слушател
Има периоди кога навистина ви треба некој да ве ислуша, па затоа ќе ви биде потребен човек пред кој ќе можете да го испуштите вентилот и да кажете сè што ви лежи на душа. Ваквиот тип пријател секогаш ќе ве дослуша до крај без разлика на сè. Знаејќи дека можете да се потпрете на некого за ваквите работи, се чувствувате безбедно и го зајакнувате пријателството.
2. Комедијант
Овој тип човек воопшто не треба да се објаснува. И во времињата кога сте весели, но и кога сте тажни или депресивни, смеењето секогаш е најдобриот лек. Ваквиот тип пријател во вашето друштво секогаш ќе го подига расположението и со него секогаш ќе градите незаборавни спомени.
3. Поттикнувач
Поттикнувачот е човек кој секогаш ќе ви ја покажува светлината, дури и во оние најтемните денови. И во најлошата ситуација, тие секогаш знаат да ви истакнат една добра работа која таа ја носи, а вам не би ви паднала на ум.
4. Потсетувач
Овој тип пријател секогаш знае да се наврати на некоја добра случка од минатото и да го развие муабетот, притоа потсетувајќи ги сите на убави моменти. Во комбинација со комедијантот, тие знаат да направат вистинско шоу за оние луди моменти од минатото.
5. Реалист
Секогаш е добро во друштвото да се има еден ваков човек, кој е стабилен и спуштен на земја. Тој знае како да изреагира во секоја ситуација и да не ви даде лажна надеж. Ова не значи дека тој човек е песимист, меѓутоа вистината секому му е добредојдена.
6. Емотивец
Понекогаш на сите ни доаѓа чувство дека во секој момент ќе експлодираме. Во ваквите времиња, потребен ни е пријател кој ќе ни укаже дека е во ред да бидеме лути и бесни, па дури и да заплачеме. Овој тип пријател, секогаш знае да го најде начинот да ги изнуди вашите вистински чувства.
7. Одговорен пријател
Овој човек е многу важен и фундаментален за вистинското пријателство. Овој тип луѓе секогаш знаат како да нè предизвикаат да го дадеме најдоброто од себе. Тие умеат да ги постават најтешките прашања и да нè направат подобри личности.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Си имам од се по нешто… 🙂