7 типови храна кои влијаат лошо на вашиот дигестивен систем

7 типови храна кои влијаат лошо на вашиот дигестивен систем

Ние Македонците сме гурмани. Сакаме да јадеме и едноставно обожаваме храна. И тоа во секаков облик и вкус. Јадеме сѐ од зеленчук до брза храна и целосно уживаме во неа. Но колку и да ни е вкусна храната во моментот кога ја јадеме, веќе во следниот момент нашиот стомак ни кажува поинаква приказна. Грчеви, болки, подуеност и што ли уште не се само мал дел од последиците на нашата страст. А ако не знаете која храна најмногу треба да се избегнува, тогаш следниве неколку работи ќе ви дадат доста добра идеја.

(1)-7-tipovi-hrana-koi-losho-vlijaat-na-vashiot-digestiven-sistem-kafepauza.mk

1. Пржена храна

Кога нешто содржи толку многу маснотии, тогаш дефинитивно треба да го отпишете од секојдневната исхрана. Тешките сосови, прженото месо и кремастите десерти се меѓу најлошите кога станува збор за дигестивниот систем. Тие тешко се варат во организмот и можат да предизвикаат дијареја. Наместо тоа, јадете варено или печено месо во комбинација со зеленчук.

2. Цитрони

Високото ниво на влакна во цитроните и овошјата кои спаѓаат во оваа група можат да предизвикаат болки во стомакот кај некои луѓе. И додека една овошка не би направила проблеми, јадењето повеќе од една би можело. Доколку чувствувате киселини и мачнина, обидете се да јадете максимум по еден цитрон или портокал на ден.

Girl playing with gum

3. Вештачки шеќер

Ретки се луѓето кои не џвакаат мастики, нели? Убави се и вкусни, но вештачкиот шеќер кој го содржат во големи количини не само што е многу нездрав, туку и може да ви направи големи проблеми со варењето на храната. Грчевите и дијарејата се многу чести појави кога внесувате вештачки шеќер во организмот.

4. Премногу влакна

Сѐ што е претерано не чини, па така е и за оние типови храна кои спаѓаат во здрава исхрана. Иако се добри за јадење, житариците и зеленчукот не се препорачуваат во големи количини. Постои голема веројатност дека ќе се чувствувате подуено и ќе имате гасови. Не претерувајте.

(3)-7-tipovi-hrana-koi-losho-vlijaat-na-vashiot-digestiven-sistem-kafepauza.mk

5. Грав

Ако јадете грав, тогаш веднаш знаете за што станува збор. Иако зрната грав се полни со влакна и протеини кои се здрави за организмот, тие содржат и шеќери кои тешко се варат. Како последица на тоа, телото се соочува со грчеви и гасови. За намалување на овие последици може да помогне доколку ги оставите зрната да отстојат во вода неколку часа пред приготвувањето.

6. Зелка и брокула

Станува збор за навистина здрава храна која се препорачува да се јаде, но таа исто како и гравот содржи шеќери кои тешко се варат. Честа појава се и гасовите кои се последица на влакната кои ги има во голема количина. Совет: зелката и брокулата јадете ги сварени наместо свежи.

(4)-7-tipovi-hrana-koi-losho-vlijaat-na-vashiot-digestiven-sistem-kafepauza.mk

7. Зачинета и лута храна

Колку и да е повкусна храната откако убаво ќе ја зачините со разни зачини, лути или благи, факт е дека тие и не се баш здрави за организмот. Покрај тоа, зачинетата и лута храна тешко се вари и може да доведе до пецкање на срцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар