7 совети за меки и мазни усни кои ќе ви помогнат за време на ниските температури

7 совети за меки и мазни усни кои ќе ви помогнат за време на ниските температури

Ниските температури понекогаш можат многу негативно да влијаат на нашите усни, но не грижете се, постои начин на кој можете да го спречите нивното сушење. Погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви овозможат да ги одржувате вашите усни хидрирани и меки..

7 совети за меки и мазни усни дури кои ќе ви помогнат за време на ниските температури

Направете едноставен пилинг за усни

Во мал сад сипете малку маслиново масло и во него додадете прстофат шеќер. Измешајте и нанесете на вашите усни. Со мали кружни движење масирајте ги вашите усни и потоа исплакнете. Овој третман за усните се препорачува да се прави 2 пати неделно.

Бидете внимателни со препаратите за чистење лице

Она што може да е добро за вашата кожа, може да ги суши вашите усни. Доколку препаратите кои ги употребувате за чистење на лицето содржат салицилна киселина или бензоил пероксид, намачкајте ги усните со балсам за усни пред миењето на лицето со цел да го избегнете негативниот ефект.

Постојано имајте балсам за усни со вас

Имајте по еден балсам за усни во секое ваше палто, торба како и на работната маса. Доколку ви е при рака и го гледате, ќе се потсетувате почесто да го употребувате.

Внимавајте што јадете

Зачинетата и солена храна може да ги исуши и иритира усните, затоа намалете со оваа исхрана или пак, намачкајте ги вашите усни со неутрален балсам пред секој оброк.

Заштитете ги усните

Кога деновите се студени и ветровити, носете го вашиот шал врз устата. Студениот ветар го уништува заштитниот слој на усните и токму затоа ги прави поподложни на сушење.

Променете ги продуктите за убавина

Променете ги вашите мат кармини со оние кои се со кремаста структура. Тие ќе ги одржуваат вашите усни хидирирани и ќе ве натераат да не ги лижете или грицкате.

Не заборавајте на заштитниот фактор

Да, вашите усни можат да изгорат дури и за време на зимата. И покрај тоа што повеќето балсами за усни кои имаат заштитен фактор не ја хидрираат кожата и не спречуваат таа да пука, со сигурност ќе ви помогнат да избегнете горење. А тоа е само уште еден клучен начин при одржување на вашите усни меки и мазни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. simona Reply

    bravo avtorke BRAVO***********

Остави коментар