7 совети со кои лалињата во вазна ќе издржат и до 10 дена

7 совети со кои лалињата во вазна ќе издржат и до 10 дена

Ниту едно цвеќе не ја повикува пролетта како букетот свежи лалиња. Најдоброто е што овие цветови се навистина отпорни и можат да издржат и до 10 дена во вазна, доколку правилно ги негувате. Погледнете ги советите што ќе ви помогнат во тоа.

7 совети со кои лалињата во вазна ќе издржат и до 10 дена

1. Одбирајте затворени цветови

Кога купувате лалиња, одберете ги оние чии цветови не се отворени. Уште подобро е ако цветот не е целосно обоен, туку е малку зелен. Не грижете се, цветот ќе се отвори за неколку денови, а во вазната ќе издржи многу подолго. Доколку земете веќе расцветани лалиња, тие ќе траат само ден или два.

2. Не заборавајте на водата

Најдобро би било стеблата да ги обвиткате со хартија натопена во студена вода, и тоа веднаш откако ќе ги купите. Доколку се без вода, лалињата почнуваат да венеат многу брзо.

3. Отстранете ги листовите

Пред да ги ставите лалињата во вазна, накосо отсечете половина центиметар од секое стебло. Ова им помага на цветовите побрзо да „пијат“ вода. Исто така отстранете ги и ливчињата кои растат на крајот на цветот. Доколку листовите паднат во вода, ќе почнат да скапуваат и пребрзо ќе ги „убијат“ лалињата.

4. Изберете ја вистинската вазна

Вазната мора да биде висока барем колку половина од стеблото. Уште подобро е ако е повисока и ги држи цветовите исправени. Доколку вазната е прениска, лалињата ќе се обесат преку работ. Иако можеби овој ефект им се допаѓа на многумина, на овој начин лалињата ќе овенат побрзо.

5. Додајте малку „храна“

Течната храна за цвеќе можете да ја купите како готов производ, но можете да направите нешто и дома. На пример, во вазната ставете малку сол, малку лимонов сок или монета. Според некои и ова делува, но не е добро колку купечката течна храна.

6. Вода, вода и уште вода

На лалињата им е потребно многу вода, па внимавајте да не останат на суво и менувајте им ја водата секој ден.

7. Вистинско место за вазната

Држете ги лалињата подалеку од сонце. Нивното место не треба да биде изложено на сончева светлина, ниту премногу топлина, бидејќи цветовите ќе овенат.

Погледнете и кои се растенијата што можете да ги одгледувате во вашата кујна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар