7 совети: Како да се грижите за домашните миленици за време на пандемија?

7 совети: Како да се грижите за домашните миленици за време на пандемија?

Освен за животните кои се наоѓаат во зоолошките градини и имаат соодветна грижа, потребна е грижа и за домашните миленици и останатите животни. Во овие услови редовно работат ветеринарните станици, но се препорачува да бидат ограничени контактите со луѓето бидејќи тоа е клучно за забавување на ширењето на коронавирусот.

7 совети: Како да се грижите за домашните миленици за време на пандемија

На граѓаните кои имаат контакт со животни, им се советува да користат заштитни ракавици и средства за дезинфекција. Со оглед на тоа што им се случило на домашните миленици во земји кои се погодени од пандемијата на новиот вирус, свесни за моменталната состојба во земјата, им нудиме неколку совети на граѓаните за грижа за нивните домашни миленици:

1. Не се откажувајте од вашето домашно милениче

Кучињата и мачките не го пренесуваат вирусот COVID – 19. Затоа, напуштањето на вашето милениче од страв дека ќе ви пренесе вирус, не е разумно.

2. Снабдете му храна за следните 2 недели

Како што размислувате за набавка на храна за себе, размислете и за набавка на храна за миленичето. Нема да има недостиг на храна во продавниците, но доколку не сакате непотребно да влегувате во контакт со повеќе луѓе, чувајте неколку лименки и сува храна за вашето домашно милениче. Набавете и сè друго што му е потребно како: средство за заштита од паразити и крлежи, но исто така и кеси за измет.

3. Информирајте се за тоа која продавница за храна за миленичиња врши испорака до дома

Кога немате храна и други резерви за миленичињата, нарачајте ги потребните нешта преку телефон или преку Интернет со испорака до вашиот дом.

4. Проверете ја здравствената состојба на вашето домашно милениче

Доколку треба да го однесете миленичето на ветеринарен преглед или треба да се вакцинира, не одложувајте го тоа. Исконтактирајте го ветеринарот и закажете термин преку телефон, наместо да  чекате во чекална.

5. При прошетка на кучето, следете ги упатствата на надлежните институции

Доколку кратко го прошетате во паркот, избегнувајте да бидете премногу блиски со другите луѓе. Потребно е растојание од неколку метри, за ваша заштита и заштита на другите луѓе.

6. Понудете им помош на постарите сограѓани за прошетките на нивните кучиња

Набавка на храна и лекови не е единствениот начин на кој можете да им помогнете на постарите граѓани. За некои, драгоцена помош ќе им биде и прошетката на кучето. Со доброто дело ќе го подобрите вашето здравје. Прошетката е многу здрава физичка активност.

7. Вдомете куче или мачка

Периодот додека владее коронавирусот запомнете го по вклучување на нов член со четири нозе во вашиот дом. Тоа ќе ви го намали стресот и ќе ви биде одлично друштво за време на долгиот престој дома. Доколку сте од оние кои работат од дома, тогаш периодот е идеален за запознавање. Работењето од дома е добро за вас, но и за кучето или мачката што ќе го згрижите.

Можеби сакате да ги дознаете и 4-те причини зошто паровите кои се грижат за куче се посреќни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар