7 смуди рецепти за полесна бременост

7 смуди рецепти за полесна бременост

Веруваме дека додека сте во фаза на бременост, вие се трудите да се храните колку што е можно поздраво, а летото е добар период за тоа. Меѓутоа, понекогаш е тешко да им одолеете на слатките. Па, за да не посегнете по сладоледот или пак вештачките сокови, за вас пронајдовме супер смуди рецепти кои ќе ви помогнат да им одолеете на слатките.

1-7-smudi-recepti-za-polesna-bremenost-www.kafepauza.mk_

1. Смуди против утринските мачнини

  • 1 банана
  • 1/2 чаша јогурт
  • 1 лажичка мед
  • 1 шолја млеко
  • Неколку коцки мраз
  • Малку ѓумбир во прав или свеж, нарендан

Тајната состојка е ѓумбирот, бидејќи тој помага за варењето. Млекото и јогуртот ќе ви ја дадат потребната количина на калциум, а медот е природен засладувач. Бананата е примарен извор на калиум кој ќе ви помогне да се справите со налетот на мачнините.

Tropical fruit smoothies

2. Смуди од малини и вишни

  • 1/2 шолја малини
  • 1 вишни
  • 1 шолја лимонада
  • 1/2 шолја мраз

Ако никако не можете да ја изгасите жедта во текот на летните денови, тогаш пробајте го овој овошен деликатес.

3-7-smudi-recepti-za-polesna-bremenost-www.kafepauza.mk_

3. Цитрос смуди

  • 1 мандарина (излупена и исечкана)
  • 1/2 шолја ананас на прачиња
  • 1 шолја лимонада
  • 1 лажичка сок од лимета
  • 1/2 шолја мраз

Земете ја вашата дневна доза витамин Ц и уживајте!

4-7-smudi-recepti-za-polesna-bremenost-www.kafepauza.mk_

4. Смуди овошна салата

  • ¼ шолја исечкани јаболка
  • ¼ шолја исечкани круши
  • 1 исечкана банана
  • 1 рака суво грозје
  • 1 лажичка исечкани ореви
  • 1/2 чаша јогурт

Зошто вашата омилена овошна салата не би ја претвориле во пијалак? Најважно е овошјето да биде разновидно, а потоа може да си играте и да го комбинирате на најразлични начини.

5-7-smudi-recepti-za-polesna-bremenost-www.kafepauza.mk_

5. Смуди од јагоди и киви

  • 1 шолја јагоди
  • 1 исечкано киви
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1/2 шолја мраз
  • 1/2 шолја млеко

Овој освежувачки пијалак е полн со витамините Е, Ц и К, но и со калиум, кој ќе му направи големо добро на вашиот организам.

6-7-smudi-recepti-za-polesna-bremenost-www.kafepauza.mk_

6. Смуди од банана и боровинки

  • 1 банана
  • 1/2 шолја боровинки
  • 1 шолја млеко
  • 1 лажичка ванилин шеќер

Уживајте во ова смуди заедно со неколку бисквити или лепче намачкано со мармалад.

7-7-smudi-recepti-za-polesna-bremenost-www.kafepauza.mk_

7. Зелено смуди

  • 1 шолја кељ
  • 1 шолја исечкани дињи
  • 1 шолја млеко
  • 1 банана
  • 1 лажичка ванилин шеќер

Ова смуди може да биде одличен избор за попладневна ужина.

8-7-smudi-recepti-za-polesna-bremenost-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар