7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа

7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа

Во модерниот свет, биографијата на кандидатот и обичното интервју не се доволни во потрагата по совршен вработен. Поради тоа, работодавците користат некои трикови, а повеќето од нив се толку едноставни што кандидатот може да падне на некој од тие психолошки тестови, па дури и да не забележи дека тоа всушност е тест. Во продолжение прочитајте какви трикови користат личностите што ве интервјуираат.

1. Ви нудат кафе со причина

7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа

Во последно време, овој тест стана многу популарен кај работодавците. На почетокот на интервјуто, ќе ве одведат во кујната и ќе ви понудат шолја кафе. По интервјуто, работодавецот внимателно ќе гледа што ќе направи кандидатот со шолјата – дали ќе праша каде да ја остави, дали едноставно ќе ја остави на масата или ќе ја измие.

Овој трик открива многу повеќе за карактерот и за манирите на една личност отколку одговорите на поставените прашања за време на интервјуто. Исто така, тоа може да покаже колку брзо кандидатот ќе се вклопи во тимот. Во овој случај, најдобрата одлука е по интервјуто да отидете во кујната и сами да ја измиете шолјата.

2. Работодавецот намерно ве остава да чекате

7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа

Во реалноста, тестот со кафето е „невин“ трик. Ситуацијата може да биде многу полоша ако интервјуто е закажано во 9 часот наутро, но кога ќе пристигнете во канцеларијата, работодавецот е сè уште зафатен и мора да почекате 10 минути. Потоа уште 10 минути. И потоа уште 15 минути.

Овој трик може да покаже колку е кандидатот емоционално стабилен во стресни ситуации и колку навистина сака да ја добие работната позиција.

3. Личноста што ве интервјуира одеднаш почнува да вика

7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа

Повишувањето на гласот, врескањето, па дури и употребата на навредливи зборови е уште еден начин да ја проверат вашата способност за справување со стресни ситуации. Експертите ве советуваат да останете смирени и да одговорите на поставените прашања колку што е можно посмирено.

4. Работодавецот има чудно барање и ве тера да скокнете низ прозорецот

7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа

Ваквите ексцентрични барања служат за да го проверат кандидатот колку креативно може да размислува.

Можете да се спасите од таквата ситуација на следниот начин: застанете на прозорецот, но скокнете на подот од просторијата каде што се одвива интервјуто бидејќи никој не ви појасни каде да скокнете. Но, можете и да го шокирате работодавецот поставувајќи му го прашањето: „Каква корист ќе има компанијата од мојот скок?“

5. Работодавецот одеднаш почнува да се однесува чудно

7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа

Во овој случај, кандидатот може да биде игнориран од работодавецот, да гледа во компјутерот, да одговара на телефонските повици или да ја напушти просторијата среде интервју.

Овој трик служи за да покаже како кандидатот ќе го пренасочи вниманието на работодавецот или на кој начин ќе успее да се извлече од оваа ситуација. Една од најефикасните опции е да го замолите работодавецот да го презакаже интервјуто за друг ден.

6. Кандидатот се запознава со целиот тим

7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа

По интервјуто, постои можност работодавецот да ви понуди да се запознаете со своите потенцијални колеги. Ова не е едноставен учтив гест, туку начин на кој работодавецот ќе дознае какви мислења имаат вработените за кандидатот.

7. На работодавецот ќе му падне пенкалото на подот

7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа

Друг тест што може да му помогне на работодавецот да забележи колку е кандидатот одговорен и добронамерен е да го испушти пенкалото на подот и да ја следи реакцијата на кандидатот. Ако кандидатот инстинктивно се наведне и го крене пенкалото, голема е веројатноста дека ќе биде вработен. Ако кандидатот му дозволи на работодавецот сам да го стори тоа, голема е веројатноста дека нема да биде вработен.

Прочитајте кои видови луѓе не можат да напредуваат на работното место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар