7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравје

7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравје

Луѓето почнуваат сѐ повеќе да зборуваат за менструалниот циклус и тоа не е повеќе табу тема. Ако знаете како треба да изгледа вашата менструална крв, ќе можете да се поштедите од многу опасни заболувања. На пример, светло розовата боја на менструацијата може да е знак на ниски нивоа на естроген и да укаже на можна појава на остеопороза подоцна во животот. Во продолжение дознајте што открива бојата на менструалната крв за вашето здравје…

1. Розевкаста боја

7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравје

Розевкастата боја на менструалната крв може да е знак на ниски нивоа на естроген. Доколку многу често џогирате, тоа исто така може да биде причината зошто менструалната крв има светла боја, бидејќи докажано е дека спортувањето, особено трчањето, може да предизвика снижување на нивоата на естроген. Треба да внимавате на ова, бидејќи некои истражувања нашле поврзаност помеѓу нискиот естроген и појавата на остеопороза подоцна во животот.

2. Водлеста менструална крв

7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравје

Водлестата менструална крв која нема речиси никаква боја или е светло розова, обично значи дека имате недостаток на хранливи материи или дека имате рак на јајчниците. Но, не се вознемирувајте премногу, бидејќи ракот на јајцеводите се појавува само кај 2% од жените.

3. Темно кафеава боја

7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравје

Темно кафеавата или темно црвената боја на менструалната крв може да значи дека старата крв се задржала премногу долго внатре во матката. Никој не знае зошто ова се случува, но се смета за нешто нормално.

4. Густа менструална крв која изгледа како џем со засирена крв

7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравје

Менструалната крв која е густа и содржи темно црвени парчиња засирена крв може да значи дека имате ниски нивоа на прогестерон, а високи нивоа на естроген. Но, во повеќето случаи, тоа не мора да значи ништо. Меѓутоа, ако парчињата се големи и многубројни, тоа може да е знак на хормонална неурамнотеженост. Исто така, причината за ова може да се фиброидите во матката, но тоа не е нешто што би требало да ве загрижи.

5. Комбинација од сиво-црвена боја

7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравје

Сивата или сиво-црвенкастата комбинација може да има 2 значења: Доколку не сте бремени, тоа е знак на полово пренослива инфекција, но ако сте пропуштиле барем една менструација, тоа е знак на многу ран спонтан абортус.

6. Боја на брусница

7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравје

Ако вашата менструација има боја на брусница, тогаш тоа е супер и вие сте потполно здрави. Но, она што се смета за нормално за една личност, може да го нема истото значење за друга личност. Најдобро е редовно да одите на лекарски прегледи.

7. Портокалова боја

7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравје

Портокаловата боја исто како и сиво-црвената може да значи дека имате инфекција. Меѓутоа, за да се смета за сексуално пренослива инфекција, менструацијата треба да е придружена и со непријатен мирис и силни болки.

Прочитајте ги и овие 7 вистини кои првата менструација ги открива за вашето здравје во иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар