7 работи што ги открива начинот на одење за вашето здравје
Кој размислува за тоа како ја става едната нога пред другата додека оди? Никој – сè до моментот кога ќе се појават здравствени проблеми. Вашиот начин на одење може да биде одраз на вашата физичка, ментална и невролошка состојба.
1. Ја користите едната нога повеќе
Овој начин на одење открива дека ја штедите едната нога и веројатно станува збор за повреда на глуждот. Таквиот одење може да биде и последица на истегнување на лигаментот, повреда на стапалото, артритис и фактот што едната нога е пократка. Но, таквото одење може да му наштети на целото тело.
Телото секогаш ќе активира механизми што ќе компензираат за неправилното одење. Некои пациенти може да имаат една нога пократка од другата, но може да го забележат тоа дури подоцна во животот кога ќе се истрошат зглобовите и со тоа ќе предизвикаат болка во грбот, во стапалото, во колената или во колковите. Ако болката во нозете стане постојана и силна, важно е да разговарате со лекар.
2. Одите полека
Возраста може да биде одговорна за бавното одење и мускулите на долниот дел од телото може да ослабат со возраста, а истото може да се случи и со мускулните влакна, па овие два феномени може да предизвикаат губење на силата и на тој начин да влијаат на брзина на движењето.
Исто така, луѓето со вишок килограми и оние со дијагностициран остеоартритис често одат бавно.
3. Бавни, кратки чекори
Ако не ги кревате стапалата од земја додека одите, тоа може да биде показател за Паркинсонова болест, па ако таквото одење кај вас е последица на болка, мора да разговарате со лекар. Исто така, можете да правите одредени вежби за зајакнување на мускулите што ги креваат стапалата.
4. Не одите право
На некои луѓе им е тешко да одат право и да го задржат правецот, а причина за тоа може да биде слабиот глутеус.
Ваквото одење што наликува на одење на пингвин е исто така последица на остеоартритис во колковите, а вие можете да си помогнете со вежбање. Разговарајте со терапевт или со тренер за да ги изберете вистинските вежби за зајакнување на овие мускули.
5. Одите на прсти
Ако сте среќни и возбудени, тие емоции можат лесно да се пренесат на начинот на одење.
Можете да дознаете многу за менталната состојба на една личност според начинот на одење. Среќната личност ќе оди на прсти, па ќе изгледа како да потскокнува.
6. Грчеви во нозете
Грчевите се јавуваат често кај некои луѓе и тие остануваат вкочанети в место сè додека не се смири болката. Ако ова ви се случува постојано, може да станува збор за неоткриена болест, како што е болест на белите дробови или на артериите.
7. Често се сопнувате
Ако причината е случајна дупка на патот, тогаш секако не станува збор за нарушено здравје. Сепак, ако ова ви се случува често, немојте да мислите дека сте само несмасни.
Дијабетичната невропатија е состојба која често не се дијагностицира. Како што напредува дијабетесот, стапалата може да станат нечувствителни, а пациентот честопати не ја чувствува промената на температурата во стапалата или не е целосно свесен за движењата на телото.
Оваа состојба на крајот може да стане болна, па затоа е важно да ја контролирате вашата состојба, да го мерите шеќерот во крвта и да вежбате за да го спречите проблемот.
Прочитајте што открива за вашето здравје местото каде што ви се појавуваат брчки.