7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавно

7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавно

Неретко малите и едноставни нешта значат многу и се заслужни за многу добри спомени кои ги понесуваме со себе. Не заборавајте да ги направите овие 7 нешта за ова лето да остане запаметено.

7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавно

1. Спијте на отворено под ѕвездите

Заборавете на градските гужви и бркотници, на обврските и на асфалтите од кои испарува топлина. Најдете убаво и удобно планинско место и поминете една ноќ на отворено. Можеби друштво ќе ви прави вашиот партнер или некој од пријателите, но во секој случај ќе имате незаборавно искуство. Којзнае, можеби ќе видите и ѕвезда како паѓа па ќе си замислите и желба.

7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавно

2. Променете ја вашата фризура

Нема подобро време за промени од летото. Одлучете се за драстична промена и уживајте во самодовербата која ви ја дава новиот изглед. Косата секогаш може да ви порасне повторно, а да се мине животот со една фризура е навистина здодевно.

3. Научете ја кореографијата на некој популарен летен хит

Лани бea Get lucky и Blurred lines, кој ќе го добие заслуженото прво место оваа година? Научете го текстот и потезите од кореографијата на некој популарен летен хит и „растурете“ по дискотеките и летните забави со вашите пријатели. Уште подобро, направете своја кореографија која не мора да биде сериозна, напротив, слободно „откачете“.

7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавно

4. Станете авантуристи на велосипед

Излезете од градските мешаници, качете се на вашиот велосипед и впуштете се во нова авантура. Повикајте ги и вашите пријатели и кога веќе сте во природа организирајте добар пикник. Не заборавајте да се држите до означените патеки и да понесете со себе многу вода и да останете хидрирани. Сè останато е само забава и добри спомени.

5. Поставете лежалка во вашиот двор

Или уште подобро, висечка лежалка на која може да ги минувате топлите летни денови под сенка, во ладовина, со чаша ладен пијалак и добра книга. Некогаш за да се опуштите и да креирате добри спомени не мора воопшто да го напуштите вашиот двор.

7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавно

6. Бидете креативни

Оставете ги дома смартфоните и излезете во природа со хартија и пенкало. Изразете се себеси и ставете ги вашите чувства на хартија. Напишете поема, расказ, или пак започнете роман! Може и да цртате. Добредојдено е сè што ја поттикнува вашата креативност и ви носи мир поврзувајќи ве со природата.

7. Научете нов спорт

Може да биде и екстремен спорт доколку сте похрабри. Нема подобро време за уживање во спортот од летото, особено спортовите на вода. Не бидете пасивни ова лето и не ги наведувајте високите температури како причина да останете дома и да не правите ништо. Почнете со некој спорт. Ќе ширите познанства, ќе останете во топ форма и ќе бидете побогати за едно искуство во животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар