7 промени во кујната кои носат среќа и успех во вашиот живот
Се верува дека Фенг шуи, античката кинеска вештина за живеење и уредување на просторот, може да внесе баланс и мир во нашиот живот. Проверете како да ја уредите вашата кујна според правилата на таа вештина доколку сакате живот полн со успеси, здравје, изобилство и среќа.
1. Исфрлете ги сите непотребни работи од кујната
Исфрлете го сето она што никогаш не го користите. Старите напукнати садови или пластични вангли и скршените кујнски апарати се на врвот од листата со работи кои создаваат неред во кујната, а до тоа и неред во вашиот живот. Од фрижидерот секогаш фрлајте ги намирниците на кои им е поминат рокот на траење.
2. Исчистете го шпоретот
Токму тој содржи енергија на просперитет и затоа секогаш мора да биде чист, но и да работи правилно.
3. Ослободете го просторот од фрижидерот
Магнети, разгледници, летоци од испорака, листа на дневни обврски – нередот на фрижидерот и секој поглед на него создава преголема стимулација поради која ќе се чувствувате растресено. Поради тоа посегнувате за храната во фрижидерот дури и кога не сте гледни. Отстранете се од фрижидерот или оставете само неколку инспиративни цитати, а листата со обврски „преселете“ ја на внатрешноста на вратата од кујнските елементи.
4. „Сокријте“ ја кантата за отпадоци
Не држете ја отворена и немојте да ја сместувате во некое видно поле, туку по можност ставете ја некаде затскриена, во внатрешноста на елементите. Отворената канта за отпадоци во видното поле го доловува нередот и „ѓубрето“ во вашиот живот.
5. Наполнете ја чинијата за овошје
Таа го симболизира успехот и изобилството, а држете ја на исчистена маса или на која било чиста кујнска површина.
6. Пронајдете место за билките
Тегли со зачини, цвеќиња или кои било други билки по ваша желба се добредојдени во кујната, бидејќи внесуваат позитивна енергија во вашето секојдневие.
7. Не избегнувајте ги боите
Колку повеќе бои, толку подобро! Исто како и билките, боите се задолжени за внесување и за задржување на позитивната енергија во кујната, но и во вашиот живот.