7 причини зошто танцувањето на шипка е совршено хоби за вас
„Ќе танцуваш на шипка? Значи, ќе стануваш стриптизета?“ Сигурно се плашите дека ова би била реакцијата на вашите блиски доколку им ги соопштите плановите за вашето ново хоби. Кај нас сè уште постојат стереотипи во врска со ваквиот танц и луѓето веднаш го поврзуваат со секс, соблекување за пари и други вулгарности. Загрижени дека ќе оставите погрешен впечаток поради општата за слика за танцот на шипка која преовладува кај нас, може да се обесхрабрите и да почнете да се премислувате. Токму затоа ние ви приложуваме 7 причини кои ќе ве убедат дека танцувањето на шипка е идеално за вас.
1. Потешко е отколку што изгледа
Доколку сакате предизвици дефинитивно треба да го пробате овој танц. На прв поглед можеби делува како обично вртење околу шипка и правење секси потези, но овој танц е многу повеќе од тоа. Потребна е голема физичка сила и издржливост за да се изведат сите техники.
2. Не е вулгарен
Луѓето со предрасуди автоматски го поврзуваат овој танц со стриптиз. Но, вистината е дека овие две работи се различни како небо и земја. Овој танц е всушност како гимнастика, само што вклучува и шипка.
3. Ќе направи да се чувствувате секси
Кога ќе успеете да изведете макар само една техника на шипката, ќе видите како веднаш ќе се почувствувате моќно и сигурно во себе. Салите за вежбање обично имаат огледала насекаде, па ќе можете да се гледате себеси додека владеете со шипката што дополнително ќе ви помогне да станете посекси, посамоуверени и посилни.
4. Одлично е за согорување на маснотии
По еден час поминат на шипката ќе почувствувате како мускулите почнуваат да ви горат како да сте вежбале интензивно цел ден. Целото тело ќе почне да ве боли, но немојте да се откажете поради тоа. Според некои истражувања со танцувањето на шипка може да согорите до 500 калории за еден час. Не само што добивате одлична кардио вежба, туку добивате и издржливост, флексибилност и убаво оформени мускули. Со повеќе вежбање болката евентуално ќе ја снема, но ефектот потоа и резултатите кои ќе ги забележите на вашето тело ќе ве остават без зборови.
5. Ќе се потите
Овој танц ви нуди одлична можност да ги исфрлите сите токсични материи од вашиот организам бидејќи ќе се потите многу, особено во пределот на дланките. Тоа ќе ви овозможи да ја одржувате својата тежина, па дури и да симнете по некој килограм.
6. Ќе ве опушти
Ќе забележите дека додека танцувате на шипка, вашиот ум ќе биде ослободен од секакви мисли и вие ќе можете целосно да се опуштите. Постојано сте под стрес на работа и дома? Сакате да избегате од секојдневните грижи и обврски? Благодарение на овој танц ќе можете тоа да го направите. Препуштете се целосно и пронајдете го својот зен.
7. Ќе се навлечете на ова
Еднаш кога ќе пробате да танцувате на шипка, нема никогаш да престанете. Овој танц е навистина заразен и за кратко време ќе забележите дека сте станале зависник од него. Кога ќе ги усовршите сите потези, нема да можете да дочекате да се пофалите со нив и да ги покажете на вашиот сакан. Нема сомнеж дека повторно ќе ја разгорите страста во врската и ќе го зацврстите односот.
Танцот на шипка е навистина женствен и елегантен спорт кој носи многу придобивки за вашето физичко и психичко здравје. Не дозволувајте општеството полно со предрасуди да ве спречи во вашата намера. Пронајдете студио кое нуди вакви часови и пријавете се уште веднаш.