7 практични совети како веднаш да им се допаднете на луѓето со кои за прв пат се запознавате

7 практични совети како веднаш да им се допаднете на луѓето со кои за прв пат се запознавате

Кога запознаваме некој нов човек, потребни ни се 7 секунди за да одлучиме дали таа личност ни се допаѓа или не. Тоа е многу голем притисок, особено за оние кои се соочуваат со социјална анксиозност и се по природа срамежливи. Поради тоа, следниве 7 совети можеби ќе ви помогнат да оставите добар впечаток во првите 7 секунди.

7 практични совети како веднаш да им се допаднете на луѓето со кои се запознавате

1. Очите се многу важни

Гледањето во очи е универзален знак на самодоверба, отвореност и искреност. Со оглед на тоа што повеќе од половина од разговорите се визуелни а не вербални, ако личноста со која се запознавате ја гледате во очи, тоа веднаш ќе ве направи попривлечни. Ако се плашите дека ќе делувате премногу нападно, имајте го на ум односот 60:40 и нема да погрешите.

2. Смејте се и светот ќе се смее со вас

Секоја средба надополнете ја со искрена насмевка и запознавањето нови луѓе ќе ви биде лесно како песна. Луѓето ги паметат другите луѓе врз основа на тоа како тие направиле да се чувствуваат. Смеењето го зголемува лачењето на ендорфини, така што ако се смеете, ќе разбудите убави чувства кај луѓето и тие ќе ве запаметат како позитивна личност.

3. Почнете со „Здраво“

Наједноставниот и истовремено најзанемарениот дел од успешното претставување е поздравот. Наместо да започнете конверзација веднаш со разговор, поради што луѓето ќе почнат да се сомневаат во вашата искреност, претставете се со директно „Здраво“. Кажете го тоа со насмевка и веќе сте на половина пат до успешната социјализација.

4. Бидете отворени

Многу сигнали можат да се пратат за време од 7 секунди, така што обидете се да ги искористите максимално и да му дадете до знаење на човекот со кого се запознавате дека сте отворени и искрени. Вашиот говор на телото треба да биде опуштен. Откопчајте го палтото, застанете исправено и никаков не ги вкрстувајте рацете.

7 практични совети како веднаш да им се допаднете на луѓето со кои се запознавате

5. Сѐ е до аголот

Психологијата на говорот на телото има фасцинантен ефект на првите впечатоци. Покажете интерес за личноста со која разговарате така што малку ќе се наведнете нанапред. Замислете си за момент дека тоа е единствената личност во собата и вашата искреност ќе излезе на површина.

6. Зрачете со позитивна енергија

Позитивната енергија е заразна и сите сакаат да бидат опкружени со луѓе кои знаат да ја гледаат светлата страна на работите. Обидете се да одбегнувате негативни реченици и личноста ќе ве запамети поради вас самите, а не поради вашите жалби.

7. Запаметете дека не се работи само за вас

Класичната грешка која сите ја правиме кога сме нервозни е претераното зборување за сее. Еден од најдобрите начини веднаш да му се допаднете некому е да покажете искрен интерес за личноста која стои пред вас. Поставувајте прашања и активно слушајте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар