7 нешта што треба да ги запаметите ако сте покрај анксиозна личност

7 нешта што треба да ги запаметите ако сте покрај анксиозна личност

Луѓето кои чувствуваат анксиозност постојано живеат во страв. Нивниот живот се сведува само на исчекување на лошото. Анксиозноста е тешка и сериозна болест која многу често се потценува, а на личностите кои ја чувствуваат не им е укажана потребната љубов.

Но, таа им паѓа тешко и на оние кои ја немаат, а се блиски на оној кој што ја има. Тешко е да се избориме со ваков предизвик. Постојано искушение, болка и тага, психички и физички цедејќи ја целата енергија од нас. Анксиозноста не е штетна само по здравјето на оној кој ја искусува, туку и на оние кои му се блиски. Затоа запомнете ги овие 13 нешта кога ќе сакате да се откажете од нив.

1-7-nesta-koi-treba-da-gi-zapamtite-koga-ste-pokraj-anksiozna-licnost-kafepauza.mk

1. Тие се многу повеќе од нивната анксиозност

Иако ова звучи многу секојдневно и нормално, сепак луѓето имаат тенденција да судат според еден атрибут на личноста. Менталните проблеми честопати ни го помрачуваат видикот. Затоа потсетете ги дека ги сакате и цените со сите нивни маани и компликации кои ги носат. Бидејќи сите сме луѓе и сите имаме маани.

2. Лесно се заморуваат

Анксиозноста е заморна. Постојано на штрек, живеејќи со постојан страв и ретка смиреност, анксиозноста ги предизвикува луѓето да бидат хипертензични. Оние ситуации кои за обичниот човек се нормални проблеми, за луѓето со анксиозност претставуваат планини. Сетете се како ви изгледа денот после стресен ден на работа. Едноставно посакувате да земете одмор и да исчезнете на некое време. Епа тоа им е секојдневие на анксиозните луѓе и тоа е многу заморно. Следниот пат кога ќе ги терате да бидат „попродуктивни“ сетете се на ова.

3. Лесно се кршат

Тие се премногу свесни за сето она што се случува околу нив. Секој звук, секое дејствие, секој мирис, секоја светлина, секој предмет и секој човек. За нормалните луѓе сето тоа е во ред, но за некој кој живее на работ, дури и самата идеја на повеќе луѓе во една соба може да им предизвика вртоглавица или губење на здивот.

Кога ги терате да излезат, сепак запаметете дека ситуациите и стимулациите во кои уживате, ним можат да им бидат премногу и да ги скршат. Немојте да ги терате да прават нешто што не го сакаат. Особено уверете ги дека можат да си заминат во кое било време.

4. Тие знаат да ги изразат своите емоции и да комуницираат

Но потребно е вие да слушате. Анксиозноста не значи дека не знаат да комуницираат, туку дека нивната комуникација е отежната. Освен ако имаат напад на паника, тогаш нема никаква комуникација. Тие ќе ви кажат како се чувствуваат, но вие треба да ги слушате. Тие само избираат да не комуницираат, но ако им влеете доволно доверба и покажете разбирање, тогаш тие самите ќе ви се отворат и ќе ви покажат колку се страшни работите во нивната глава. Одвојте време и сослушајте ги.

5. Воопшто не им е потребно прашањето „Дали си добро?“

Особено не кога паничат. Нивното срце чука забрзано, нивните раце се тресат, грлото им се суши поради адреналинот. Навистина ли мислите дека треба да прашате дали се во ред?! Наместо тоа, обидете се да ги смирите:

  • „Запомни дека треба да дишеш правилно.“
  • „Запомни дека *Вметни ја техниката која претходно ги смирувала*.“
  • „Дали би ми помогнал/а да ти помогнам на некое потивко/мирно место?“
  • „Тука сум ако ти требам“ (Во овој момент треба да ги оставите сами, освен ако не ве замолат да останете.)
  • „Паничиш, и сам/а знаеш дека не трае долго. И претходно го преброди ова, можеш пак.“
  • 7. Тие го ценат фактот што сте останале покрај нив.

Верувајте во ова. Иако тоа не го кажуваат со зборови, па дури и не го покажуваат, длабоко во нив тие тоа го ценат. Тие разбираат дека нивното однесување е нелогично и тие го ценат тоа што сте се откажале од некои активности поради нив. Луѓето кои имаат анксиозност премногу размислуваат. Но, дел од овие размислувања се посветени на луѓето кои се тука за нив. Немојте да мислите дека вашата поддршка останала незабележана.

6. Не се секогаш присутни во реалноста

Луѓето со анксиозност честопати знаат да се изгубат на сред разговор. Анксиозноста може да биде предизвикана и од најмалите работи, па затоа внимавајте што зборувате. Но, во таквите моменти, обидете се да ги смирите и да ги потсетите каде се. Повратете ги во реалноста и смирете ги. Тие тоа ќе го ценат.

7. Анксиозноста не секогаш се гледа како ограничување

Анксиозноста дава едно поинакво гледиште на светот. Дури таа може да ја подобри личноста. Иако нејзините симптоми се ужасни, особено претераното размислување, анксиозноста може да ги подобри луѓето. Запомнете дека луѓето кои имаат анксиозност се внимателни и перфекционисти токму поради неа. Некои научиле да живеат со тоа и да ја гледаат убавата страна. И вие треба да го направите истото.

3-7-nesta-koi-treba-da-gi-zapamtite-koga-ste-pokraj-anksiozna-licnost-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар