7 неодоливи видови прегратки кои секоја девојка ги посакува од своето момче
Познато е дека прегратката има исклучително позитивно влијание како врз физичкото, така и врз психичкото здравје на човекот. Прегратка може да даде секој, а особено е лековита кога ни е тешко.
Постојат неколку видови прегратки кои момците можат да им ги дадат на девојките и секоја од нив е посебна на различен начин.
1. Фати ме
Прегратката во која девојката му скока на партнерот во прегратка, а тој снажно ја опфаќа околу струкот е прва на листата. Девојката може да ги дигне нозете во воздух и да го опколи цврсто со нив. Ваквите прегратки најчесто ги практикуваме кога сме многу возбудени и среќни што конечно се гледаме со партнерот од кого сме биле разделени некое време. Можеби поминале неколку дена или повеќе, но на двајцата им е многу мило што се гледаат. Оваа прегратка е ретка, па од тие причини е и многу драгоцена и слатка.
2. Вртење во воздух
Девојката се втрчува кон своето момче во прегратка, а тој ја подигнува и снажно ја врти во воздух, пред да ја спушти на земја. Овој вид прегратка е многу разиграна и забавна и со сигурност ќе ве расположи и ќе ве насмее.
3. Стисни ме силно
Една од најдобрите видови прегратки е онаа кога машкото цврсто ја прегрнува девојката како доказ на неговата љубов. Ако момчето ѝ пружа почесто вакви прегратки на својата девојка, тоа значи дека навистина ја сака. Кога ќе добиете ваква прегратка, бидете благодарни и покажете колку го сакате и цените вашиот партнер. Тоа многу ќе му значи.
4. Подигнување во воздух
Прво тој ве прегрнува, а потоа ве дига во воздух. Ова е забавен вид прегратка која ќе ве насмее обајцата, а исто така потврдува дека тој се грижи за неа. Освен тоа, покажува и дека тој има сила, а сите знаеме колку момците сакаат да се фалат со своите мускули. Овој вид прегратка е одличен начин тој да ѝ покаже колку е силен.
5. Долга прегратка
Долгата прегратка е онаа која просто сите ја обожаваме. Го знаете она чувство кога сакате да останете засекогаш во прегратките на некој кој ви се допаѓа? Епа таа е таа прегратка. Ваквата прегратка сакаме да трае цел живот.
6. Очи во очи
Момчето најпрво ја прегрнува девојката, а потоа малку се оддалечува и ја погледнува во очи. Оваа прегратка е една од најинтимните видови и покажува дека момчето навистина има чувства и се грижи за девојката која ја прегрнува. Кога тој ќе ја погледне во очи, таа треба да му покаже дека е среќна што го има. Прегратката „очи во очи“ можете да ја добиете само од момче кое е вистински маѓепсано од вас.
7. На неговите гради
Ако момчето е малку повисоко од девојката, нејзината глава може да падне точно на неговите гради. Оваа прегратка е одлична за поврзување, а воедно е и многу романтична. Во неговата прегратка таа ќе се чувствува како да е заштитена од целиот зол свет.
Site devojki koi imaat deckovci najmnogu sakaat nivnite deckovci najsilno da gi pregrnat,no mnogu retko koj decko vo sekoj den eden pat najsilno ja pregrnal svojata devojka:):(