7 намирници кои ќе ви го смират стомакот после прејадување

7 намирници кои ќе ви го смират стомакот после прејадување

Не е можно некогаш во животот да сте отишле на вечера каде ви го сервирале вашето омилено јадење и да сте изеле само онолку колку што ви е доволно за да не се чувствувате гладни. И колку и да ви е тешко во стомакот само неколку минути подоцна, знаете дека повторно би го направиле истото. Па не за џабе сме познати по изреката Некои јадат за да преживеат, а ние живееме за да јадеме. Бидејќи следното утро сигурно ќе имате болки во стомакот поради кои ќе ви се чини дека ништо не можете да ставите во уста, токму спротивното може да го реши вашиот проблем. Постојат неколку типови храна кои ќе направат да ви биде подобро.

7-namirnici-koi-vi-go-smiruvaat-stomakot-posle-prejaduvanje-kafepauza.mk

1. Банана

Бананата е полна со калиум кој му помага на дигестивниот систем да функционира правилно. Таа е лесно сварлива, па вашиот стомак нема потреба од дополнително работење. Меѓу другото, таа е богата и со растворливи влакна кои помагаат во спречувањето на дијарејата.

(1)-7-namirnici-koi-vi-go-smiruvaat-stomakot-posle-prejaduvanje-kafepauza.mk

2. Сок од портокал

Проблемот со варењето на храната е некогаш предизвикан од намаленото количество на стомачна киселина која најдобро се надокнадува со природните киселини во портокалот. Па доколку имате мачнина во стомакот, препорачливо е да испиете една чаша свежо исцеден сок од портокал и тоа пред да јадете. Исто така, доколку сакате да избегнете дополнителни мачнини и гасови, избегнувајте да го конзумирате во комбинација со јаглехидрати.

(2)-7-namirnici-koi-vi-go-smiruvaat-stomakot-posle-prejaduvanje-kafepauza.mk

3. Зачини

Иако веројатно ви делува како многу лоша идеја, поголемо количество од соодветниот зачин може да му помогне на вашиот стомак многу побрзо и полесно да ја свари храната. На пример, таков зачин е кимот кој го поттикнува црниот дроб да лачи повеќе алкална течност која го подобрува варењето.

(3)-7-namirnici-koi-vi-go-smiruvaat-stomakot-posle-prejaduvanje-kafepauza.mk

4. Избегнувајте сол

Солта има својство да ја впива течноста од стомакот, па строго е препорачливо да ја избегнувате кога имате мачнина и проблеми со варењето бидејќи таа само ќе го отежни процесот. Па доколку имате желба за грицки, каснете несолени бадеми или непосолени пуканки.

(4)-7-namirnici-koi-vi-go-smiruvaat-stomakot-posle-prejaduvanje-kafepauza.mk

5. Ориз

Слично како и бананата, оризот е лесно сварлив во организмот, па нема потреба од преголема работа во стомакот. Бидејќи оризот содржи мало количество на влакна, како и двопекот и варениот компир, тој претставува храна која совршено се вклопува во вашата исхрана откако ќе се прејадете.

(5)-7-namirnici-koi-vi-go-smiruvaat-stomakot-posle-prejaduvanje-kafepauza.mk

6. Јаболков оцет

Според научни истражувања, јаболковиот оцет не само што многу помага за варење на храната, туку и ги намалува грчевите во стомакот. Доволно е да се напиете една лажица јаболков оцет и една лажица антибактериски сиров мед помешани во чаша вода и болките во стомакот ќе се намалат.

(6)-7-namirnici-koi-vi-go-smiruvaat-stomakot-posle-prejaduvanje-kafepauza.mk

7. Чај од нане

Можеби еден од најефективните природни лекови за стомачни болки е нането. Како и останатите чаеви од билки, чајот од нане ќе ја намали подуеноста која ја чувствувате после прејадувањето, грчевите ќе исчезнат, а со нив и мачнината во стомакот.

(7)-7-namirnici-koi-vi-go-smiruvaat-stomakot-posle-prejaduvanje-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар