7 модни правила на Каролин Де Мегре: Не трудете се многу, лежерноста е најдобриот аксесоар!

7 модни правила на Каролин Де Мегре: Не трудете се многу, лежерноста е најдобриот аксесоар!

Некогашниот модел, Каролин Де Мегре, денес е амбасадорка на модната куќа Шанел и активно работи за непрофитната организација „Care“ која го поддржува напредокот на жените ширум светот. Таа исто така се смета и за една од најстилизираните Парижанки, со сјајно чувство за стил. Токму поради тоа, Каролин реши да открие како се развивал нејзиниот стил во текот на годините, што е карактеристично кај парискиот шик, но и како го формирала својот моден идентитет… Во продолжение следуваат 7-те модни правила до кои таа се придржува.

1-7-modni-pravila-na-karolin-de-megre-ne-trudete-se-mnogu-lezhernosta-e-najdobriot-aksesoar-koj-mozhete-da-go-ponesete-www,kafepauza.mk_

Габриел Шанел е вистински пример за жена каква што сакам да бидам – елегантна, полна со знаење и живот.

Осмислувањето на секоја модна комбинација ја започнувам со гламурозно, уникатно парче облека, кое понатаму го комбинирам со повеќе едноставни парчиња облека. Балансот е од суштинско значење.

Еден збор кој може да го опише мојот стил? Без напор.

Многупати го менував својот стил, бидејќи секоја музичка фаза имаше менливо влијание на мојот изглед. Кога ја слушав Нирвана, носев широки фармерки, искинат тексас и карирани кошули. Потоа имав готик фаза, која ја карактеризираа долг црна коса и подолг вел…

На што се темели парискиот стил? Во тоа да го изберете она што најмногу ќе ѝ одговара на вашата личност.

Стилот доаѓа од нашата секојдневна „храна“. Книгите кои ги читаме и музиката која ја слушаме во голема мера го формираат нашиот моден идентитет.

Мојот моден совет? Кога ќе се погледнам во огледало додека се облекувам, го „отсекувам“ своето лице за да ја отстранам која било емотивна реакција на мојата модна комбинација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар