7 мали работи кои ќе ве направат среќни во 2014 година
И покрај тоа што многумина се свесни дека и 2014, како и секоја друга година нема да пројде без предизвици, сепак поголемиот дел од нас, се премногу оптимистични дека токму сега ќе настанат позитивните животни промени. Стручњаците тврдат дека среќата е избор кој можеме да го направиме, а не е нешто кое е во целост под влијание од надворешните фактори. Овие неколку ситници можете да почнете веднаш да ги спроведувате во акција, со кои ќе го подигнете доброто расположение во новата година.
Прошетки
Редовното излегување на свеж воздух, докажано го намалува стресот и го подигнува нивото на хормонот на среќата.
Мали деца
Подеднакво како и излегувањето, присуството на малите деца во вашиот живот, инстантно го поправаат расположението.
Домашно милениче
Времето поминато во играње со домашно милениче, исто така го зголемува чувството на среќа и добро расположение.
Одмор од Фејсбук, Твитер, имејл сандачиња…
Секојдневно сме бомбардирани со илјадници информации, поради што се чувствуваме информирано, но и осамено, а тоа е научно докажано. Причината лежи во преголемото поминување време во виртуелниот, наместо во реалниот свет. Секогаш кога можете, оддалечете се од интернетот и поминете квалитетно време со вашите блиски, во стварниот свет.
Речете „благодарам“
Чувството на благодарност ви помага да се фокусирате на позитивните аспекти од вашиот живот и освен што со овој збор ќе ги усреќите оние за кои ви е грижа, и самите ќе се чувствувате поисполнето и спокојно.
Читајте книги
Читањето книги носи повеќе бенефиции за вашето здравје, а една од нив е таа дека со книгата в рака забораваме на стресното секојдневие и лутаме со мислите во некој друг свет, поради што се чувствуваме подобро.
Пејте и играјте
Ви текнува на чувството кога ќе ја слушнете вашата омилена песна? Непроценливо е зарем не?! Слушањето музика која ви се допаѓа, пеењето и танцувањето, се нешта кои секого можат да расположат, е не чинат ниту еден денар.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.