7 причини поради кои ја губите желбата за секс
Иако љубовта е најважното нешто во врските, и страста има голема улога. Кога ќе исчезне страста, со текот на времето избледува и љубовта, а сигурно ни вие ни партнерот не го посакувате тоа. Ако сте забележале дека во вашата врска има сè помалку страст, можеби и сами сте криви за тоа. Следниве 7 грешки можат да ја „убијат“ вашата желба за секс.
1. Диета
Ако не јадете доволно и ако постојано сте гладни, може да ви се намали и либидото. Помалиот внес на калории во организмот го намалува и внесот на енергија. Поради ова губите „апетит“ за секс.
2. Недоволно спиење
Ако спиете помалку од 5 часа дневно, доаѓа до намалување на лачењето на машкиот хормон тестостерон. Ова пак предизвикува намалена желба за секс. Недостатокот од сон е одговорен и за намалување на женското либидо.
3. Пилули за контрацепција
Истражувањата спроведени минатата година го потврдиле сомнежот дека контрацепциските пилули ја намалуваат желбата за секс кај жената.
4. Прејадување
Ако сте склони кон прејадување, сигурно нема да можете да бидете активни во кревет по обилен оброк. Консумирањето намирници кои имаат премногу заситени масти директно влијае на дотокот на крв во половите органи.
5. Стрес
Во едно истражување, дури 60% од жените изјавиле дека заморот и стресот им се главни причини за намалената желба за секс. Истото важи и за намалената желба за секс кај мажите.
6. Депресија
Оваа ментална состојба има големо влијание на либидото. Дури 70% од испитаниците во едно истражување кои имале депресија, изјавиле дека болеста им ја намалила желбата за секс. Исто така потврдено е дека ваков ефект имаат и некои антидепресиви.
7. Анемија
Кај жените и анемијата може да биде одговорна за намалената потреба за секс. Можете да го решите проблемот со внесување повеќе железо.
Погледнете и кои други нешта имаат негативно влијание на желбата за секс.