7 едноставни совети за справување со анксиозноста

7 едноставни совети за справување со анксиозноста

Една од последиците на брзиот и динамичен начин на живеење е анксиозноста. Сепак, не секогаш таа може да ни влијае негативно со оглед на тоа дека нè прави свесни за опасноста, нè мотивира да останеме организирани и подготвени и ни помага да се соочиме со ризиците. Но, неконтролираната анксиозност може многу да влијае на квалитетот на животот. Еве на кој начин можете да се справите со неа.

7 едноставни совети за справување со анксиозноста

1. Бидете активни

Редовното вежбање не само придонесува за подобрување на физичкото здравје туку тоа може да биде и од огромна помош за вашето ментално здравје. Тоа може да го оттргне вашето внимание од она што ве прави вознемирени. Меѓу другото, истражувањата покажале дека редовното вежбањето води до зголемување на концентрацијата и волјата за работа, што може да помогне во одредени симптоми на анксиозност.

2. Намалете со алкохолот

Истражувањата покажале дека намалената консумација на алкохол може значително да ги намали нивоата на анксиозност и депресија. Од друга страна, претераното консумирање алкохол може да ја попречи рамнотежата на невротрансмитерите кои се одговорни за позитивното ментално здравје.

3. Размислете за откажување од пушење цигари

Пушачите често посегнуваат по цигара за време на стресни времиња. Сепак, како и пиењето алкохол, пушењето цигара кога сте под стрес е брз лек што може само да ја влоши анксиозноста со текот на времето.

4. Ограничете го внесот на кофеин

Ако имате хронична анксиозност, кофеинот не е ваш пријател бидејќи може да предизвика анксиозни нарушувања. Исто така, може да предизвика напади на паника кај луѓе со панично растројство. Според одредени истражувања, елиминирањето на кофеинот може значително да ги намали симптомите на анксиозност.

5. Спијте доволно

Докажано е дека спиењето е важен елемент за доброто ментално здравје. Се препорачуваат 7 до 9 часа сон за нормално функционирање на телото.

6. Урамнотежена исхрана

Ниското ниво на шеќер во крвта, дехидрацијата или хемикалиите во преработената храна, како што се вештачки ароми, вештачки бои и конзерванси, може да предизвикаат промени во расположението кај некои луѓе. Диетата богата со шеќер, исто така, може да влијае врз расположението. Затоа се препорачува урамнотежена исхрана богата со јаглехидрати, овошје и зеленчук.

7. Обидете се со ароматерапија

Ароматерапијата е холистички третман за лекување што луѓето го користат илјадници години. Притоа се користат природни растителни екстракти и есенцијални масла кои дејствуваат поволно врз благосостојбата на умот, телото и духот. Целта на ароматерапијата е да го подобри физичкото и емоционалното здравје. Етеричните масла создадени од природните растителни екстракти може директно да се вдишат или да се додадат во топла бања. Ароматерапијата може да ви помогне:

  • да се опуштите
  • да спиете подобро
  • да го подобрите расположението
  • да ги намалите отчукувањата на срцето и крвниот притисок

Некои есенцијални масла за кои се верува дека ја ублажуваат анксиозноста се:

  • бергамот
  • лаванда
  • жалфија
  • грејпфрут

Откако прочитавте на кој начин можете да ја намалите анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и за 28-те лаги во кои анксиозноста нè тера да веруваме.

Извор: healthline.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар