7 чекори кои ќе ви помогнат да го добиете и да го задржите вниманието на девојката

7 чекори кои ќе ви помогнат да го добиете и да го задржите вниманието на девојката

За да го добиете и да го задржите вниманието на една девојка, потребно е нешто повеќе отколку само флертување. Голем број мажи не се добри кога станува збор за флертувањето, но тоа не значи дека е изгубена сета надеж. Ако навистина сакате да ја придобиете девојката која ви се допаѓа, тогаш флертот не е единствениот одговор. Па, како да го постигнете тоа? Погледнете ги овие седум чекори кои ќе ви помогнат да ѝ покажете на девојката дека сте достоен човек за неа.

7 чекори кои ќе ви помогнат да го добиете и да го задржите вниманието на девојката

1. Бидете љубопитни

Поставувајте прашања за неа. Бидете вистински заинтересирани за случувањата во нејзиниот живот и работите кои ѝ се важни. Внимавајте да не претерате, но покажете ѝ дека навистина се грижите.

7 чекори кои ќе ви помогнат да го добиете и да го задржите вниманието на девојката

2. Имајте свој живот

Од друга страна, вие треба да бидете подготвени да одговарате на прашања за себе и не треба да оставате впечаток дека имате досаден живот.

7 чекори кои ќе ви помогнат да го добиете и да го задржите вниманието на девојката

3. Грижете се за себе

Изгледот е важен. Не треба да бидете најатрактивниот човек во светот, но покажете дека внимавате и се грижите за себе и за својот изглед. Одржувајте хигиена, поправете си ја фризурата и изберете облека која добро ви прилега и во која се чувствувате удобно.

7 чекори кои ќе ви помогнат да го добиете и да го задржите вниманието на девојката

4. Обрнете внимание на неа

Ова не значи дека треба да зјапате во неа додека не ѝ стане непријатно. Но, покажете ѝ дека сте добар слушател. Доколку ви раскажува нешто, слушајте ја внимателно и поставете прашања кога ќе биде соодветно време. Ако сте излезени со пријателите и таа го спомене нејзиниот омилен пијалак, купете ѝ го наредниот пат кога ќе излезете заедно. Нека знае дека е доволно интересна за да го привлече вашето внимание.

7 чекори кои ќе ви помогнат да го добиете и да го задржите вниманието на девојката

5. Покажете се во најдобро светло

Размислете кои се вашите најдобри карактеристики или кога се однесувате најдобро. Дали е тоа кога сте излезени со пријателите? Кога спортувате? Или пак додека гледате филмови? Кога ќе го сфатите ова и кога ќе имате можност, поканете ја девојката што ви се допаѓа за да ве види во најдоброто издание.

7 чекори кои ќе ви помогнат да го добиете и да го задржите вниманието на девојката

6. Насмевнувајте ја на вистинските начини

Ако сте забавни и ако знаете да го направите тоа на вистинскиот начин, тогаш можете да изгледате многу атрактивни. Но, сепак, внимавајте да не правите груби шеги или да ги исмевате другите.

7 чекори кои ќе ви помогнат да го добиете и да го задржите вниманието на девојката

7. Флертувајте малку

Иако флертувањето не е вистинскиот одговор, не значи дека целосно треба да го избегнувате. Кога ќе дојде моментот, дајте ѝ до знаење на девојката дека ја сметате за атрактивна личност. Но, нека биде тоа умерено, без да претерувате. Ако таа исто така е заинтересирана за вас, ќе најде начин тоа да ви го покаже. Ако не, тогаш вие тука не можете ништо да направите.

7 чекори кои ќе ви помогнат да го добиете и да го задржите вниманието на девојката


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар