6 знаци кои покажуваат дека на вашите пријатели не им се допаѓа вашето момче
Кога сте со него, работите се совршени. Но, кога ќе се појавите заедно пред вашите пријатели или пак само го споменувате во разговор, нештата малку тргнуваат во поинаква насока. Тогаш ќе забележите некој непријатен израз на неколку лица, а на други пак ќе им исчезне насмевката. Дали ви се чини или телото на вашите пријатели извикува „Го мразам твоето момче“? Ако околу вас ги забележувате овие знаци, тогаш дефинитивно имате потврден одговор на ова прашање.
Вашите пријателки секогаш сакаат да имате ноќ посветена само на девојките
Ако и покрај вашите предлози да се соберете сите заедно, вашите пријателки повторно и повторно инсистираат да се состанете само дамите, тогаш тоа би можело да биде знак дека ним не им се допаѓа вашиот партнер.
Се чувствувате исклучено од разговорот кога сте со вашето момче
Иако конечно сте се собрале сите заедно, сепак, вие и вашето момче се чувствувате како да не припаѓате таму, затоа што никој не ве вклучува и вам во разговорот, оставајќи ве да си зборувате самите меѓу себе.
Вашите пријатели избегнуваат да зборуваат за него
Вие се обидувате да им раскажете на вашите пријатели колку убаво сте си поминале со вашето момче на патувањето, но тие постојано ја менуваат темата… Ова е уште еден очигледен знак дека ним не им се допаѓа вашето момче.
А кога вие зборувате за него, тие се многу мирни
Дали правите нешто погрешно? Ова не е добар знак, особено ако вие и вашата пријателка знаете непрекинато да зборувате со часови.
Забележувате некои нивни изрази
На пример, се обидувате да им раскажете на вашите пријатели како вие и вашето момче сте доживеале некоја ситуација, а во истиот момент забележувате како тие ги превртуваат очите или прават друг израз на непријатност и незадоволство.
Тие сѐ уште се обидуваат да ви договорат состаноци со други момчиња
Кога пријателите продолжуваат да ви покажуваат фотографии од нивните прекрасни колеги, тогаш постои шанса тие потајно да не го сакаат вашето момче.