6 видови здолништа кои секоја девојка треба да ги има

6 видови здолништа кои секоја девојка треба да ги има

Некои жени воопшто немаат здолништа во својот гардеробер. Многу од нив сметаат дека е полесно да се има фустан и тогаш се ослободени од комбинирањето на идеалниот горен или долен дел. Всушност здолништата се едни од главните парчиња во женската гардероба, затоа што лесно можете да ги комбинирате со различни модели на кошули, маици, па дури и обични памучни блузи.

Доколку сте во потрага по идеален модел на здолниште, тогаш овие неколку предлози треба да ги земете во предвид. Некои модели се совршени за интервју за работа, додека други за вечерни излегувања. Без разлика какви здолништа преферирате, ова парче облека сигурно ќе биде ваш „ас во ракавот“ кога сте во брзање и не знаете што да облечете.

1-6-modeli-na-zdolnishta-koja-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_

1. Тесно здолниште

Барем едно тесно здолниште до колена е задолжително парче во гардероберот на секоја жена. Никогаш не знаете кога ќе ви затреба, дали за разговор за работа или за вечерно излегување. Во зависност од тоа со што ќе го комбинирате, тоа може да изгледа сосема различно. За работа спојте го со блуза, а за вечерно излегување со проѕирна кошула и додадете накит за да ја зачините целата комбинација.

2-6-modeli-na-zdolnishta-koja-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_

2. Мини здолниште

Овој модел не излегува од листата на модни трендови веќе неколку децении. И воопшто не треба, бидејќи доколку правилно го комбинирате со остатокот од гардеробата, нема да направите модна грешка. Мини здолништето открива толку колку што треба и колку што вие сакате. Обидете се секогаш да го комбинирате со некоја затворена блуза, за акцентот да биде ставен на вашите нозе.

3-6-modeli-na-zdolnishta-koja-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_

3. Здолниште со А крој

Овој ретро модел со средна должина кој полека се шири надолу е модел за сите времиња. Како што модните трендови налагаат, полека се враќа на големата врата. Можете да го комбинирате со буквално сè. Ќе биде ваш совршен избор и за дневни прошетки и за работни состаноци.

4-6-modeli-na-zdolnishta-koja-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_

4. Карирано здолниште

Карираниот дизајн можеби ве потсетува на детството кога вашите мајки ве терале да носите баш вакви здолништа, па дури иако сте бојкотирале, сега е вистинското време да му дадете шанса. Карираното црвено, сино, зелено, па дури и жолто ќе го освежи вашиот изглед.

5-6-modeli-na-zdolnishta-koja-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_

5. Кожно здолниште

Кожните здолништа се водечки моден тренд веќе неколку сезони и тоа е сосема оправдано. Лесно се комбинираат со различни материјали и изгледаат шик и секси истовремено. Во последно време, деталите како патенти или нитни се многу популарни, но вие можете да комбинирате и едноставни модели со затворени блузи за перфектен софистициран изглед, кој никогаш не излегува од мода.

6-6-modeli-na-zdolnishta-koja-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_

6. Долго здолниште

Долгите здолништа најчесто се носат во лето, со светли бои и лесни материјали кои ѝ пријаат на кожата на високите температури. Наскоро стигнува пролетта, па можеме да се радуваме на овој модел, а до тогаш избирајте подебели материјали и темни дизајни.

7-6-modeli-na-zdolnishta-koja-sekoja-devojka-treba-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар